Единица за брза интервенција „Лавови“
Единица за брза интервенција „Лавови“ — поранешна полициска единица во составот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија која била составена од доброволци. За нејзин командант бил назначен Горан Георгиевски, убиен во престрелка во Куманово, 2005 година. Заштитник на единицата е Свети Димитриј Солунски. Поранешните припадници јубилејот на единицата го слават на 23 април. Таа била формирана во летото 2001 година од страна на Љубе Бошкоски, тогашен министер за внатрешни работи, со цел да се зголеми бројот на човечката сила на бојните полиња. Еден од позначајните настани на единицата е Заседата кај Требош во која загинуваат тројца нејзини припадници. По завршувањето на војната, нејзиниот статус бил нејасен, поради што припадници на единицата направиле блокада на патот Скопје - Блаце. Во 2003 година единицата била расформирана. По нејзиното распуштање, се јавуваат големи контроверзии при што многу од нејзините припадници биле нападнати или убиени. Денес, поголем дел од поранешните припадници на единицата се организирани во неколку непрофитни организации, сепак одреден број се прераспоредени во други специјални единици во министерството. Историја
![]() По навлегувањето на терористи од Косово во кумановско, Љубе Бошкоски како министер за внатрешни работи го прифатил предлогот и во месец јуни ја формирал единицата за брза интервенција „Лавови“, составена од доброволци кои се пријавиле за мобилизација, a за нејзин командант бил назначен Горан Георгиевски. КонтроверзииВо процесот на формирање на единицата во јавноста се појавиле контроверзии дека тие се всушност паравоена формација на Македонци. Ваквите изјави ги демантирал тогашниот потпарол на Владата, Антонио Милошоски кој рекол дека тоа е нова бригада за брзи интервенции и истата се создава во согласност со програмата за работа на МВР. Претставникот на генералниот секретар на НАТО, Питер Фејт испратил писмо до тогашниот премиер Љубчо Георгиевски во која го известил за „присуство на вооружени цивилни групи познати како Лавови, кои оперираат во близина на селото Ратае, до патот Тетово-Јажинце“ и побарал отстранување на групите кои, според оценките на НАТО, ја попречуваат операцијата „Неопходна жетва“ за собирање на оружјето. Македонската влада на ова реагирала со демант дека не само во реонот на Ратае, туку ни во поширокиот реон на селата Желино, Жилче и Јегуновце нема никакви паравоени групи што го спречуваат собирањето на оружјето. На оценките на НАТО се произнесол и таканарачениот Командант Лека на батаљон на 112-та бригада „Мујадин Алиу“ на ОНА дека во тетовско оперираат и паравоени формации познати како Лавови на министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. „Располагаме со конкретни податоци дека македонски паравоени формации, освен во Ратае, се појавиле во околината на селото Шемшево, и тоа при исчезнувањето на Беким Беџети на контролниот пункт кај селото Сиричине, во насока на Узурмиште“ - изјавил Командант Лека, кој исто така предупредил дека судирите помеѓу нив и македонската полиција може да се обноват доколку силите на НАТО ја напуштат земјата, бидејќи албанската заедница и припадниците на ОНА немале доверба во македонските безбедносни сили. Заседата кај ТребошВо ноември 2001 година помеѓу селата Требош и Непроштено во Тетовско е пронајдена масовна гробница во која се претпоставувало дека се закопани 6 етнички Македонци. На 11 ноември околу 60 припадници на единицата биле упатени да ја обезбедат гробницата за нејзиното откопување кое требало да се одржи следниот ден. Конвојот на единицата, предводен од полициско возило „Лада Нива“, вечерта пристигнува во регионот. Во 19 часот конвојот се наоѓа во близина на селото Требош, кога ненадејно од спротивна страна е отворен оган кон предводното возило на конвојот, во кое загинува еден припадник на единицата. Терористите биле засолнати во бункер, од каде што со граната и рачен фрлач го погодуваат и второто возило во конвојот, оклопниот транспортер „БТР“ во кој загинуваат уште двајца припадници на единицата. На таквата акција, единицата веднаш се распоредила и започнала бој со терористите, но по 5-минутна борба истите избегале во правец кон Требош. Одговорноста за овој настан била преземена од страна на Албанската национална армија.[1] Пост-воен статусПо завршувањето на војната, единицата продолжува да опстојува но нејзиниот статус е нејасен. На 22 јануари 2003 година околу 9 часот изутрина, 800 припадници на единицата излегуваат во знак на протест и го блокираат патот Скопје - Блаце. Два часа потоа, на местото пристигнуваат стотина полицајци во борбена опрема, на што припадниците на единицата реагираат со вадење на своето вооружување. Напнатоста се смирила кога во 13 часот на местото пристигнал полицискиот генерал Зоран Јовановски при што започнале преговори со претставниците на синдикатот на ЕБИ „Лавови“.[2]
Ваквите протести продолжиле во 2003 година. Во јули се одржал и штрајк со глад, во кој тројца припадници на единицата по седум дена без храна се онесвестиле.[3] Истата година, за поддршка на единицата била покренета и петиција на која се потпишале над 2,000 граѓани. Сепак, единицата и покрај таквите напори била расформирана, официјално било ветено дека сите припадници ќе бидат прераспоредени во останатите специјални единици, но тоа се случило само со одреден број на припадници. По расформирањето на единицата, низ градските улици биле нападнати многумина поранешни припадници, а некои биле и убиени. Вооружување
Наводи
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia