Жилче
Жилче — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово. Потекло и значење на иметоСпоред легендата селото го добило името по дрвото даб што постоело сретсело и кое секоја година било полно со жирје,[2] па по жирјето селото го добило името Жилче. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Долен Полог, сместено во југозападниот дел на територијата на Општина Јегуновце.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 416 метри. Од градот Тетово е оддалечено 12 километри.[3] Низ селото поминува регионалниот пат 29274, кој ги поврзува селата Шемшево и Лешок. Жилче е типично низинско село, сместено во котлинската рамнина помеѓу селата Ратае, Непроштено и Требош. Водата за пиење се добивала од бунари, кои биле во самите дворови. Околу селото се наоѓаат пространи ниви и ливади.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Пречник, Суи Дол, Градски Пат, Аџиица, Требак, Стајковце, Бродиште, Бучало, Орманче, Бобојце, Габер, Длага Мара, Брегои, Бел Камен, Средно Поле, Кајчеец, Јурија, Кушпатица, Царице, Салкоица, Две Јасики, Грашишта, Папрадница, Берберица и Спавојца.[4] Селото има збиен тип и куќите се групирани во шест маала наречени по главните родови. Маала во селото се Мирческо, Петкоско, Антоско, Ристеско, Белеско и Велјаноско Маало.[4] Историја![]() Мештаните не знаат кога селото било основано, што доведува до сознаение дека тоа е старо. До 1922 година, во селото се наоѓала и една многу стара црква, која била трипати живописана. Истата година, црквата била срушена и на нејзино место била подигната нова и поголема. Црквата била посветена на Свети Никола.[4] Според пренесување на кажување на мештаните, еднаш во Жилче владеела чума и голем дел од мештаните умреле.[4] До 1912 година, јужниот дел на селото имал чифчиски тип и во него се наоѓала беговска кула, а околу нејзе биле зградите за чифчиите и алатите за стоката.[4] До ослободувањето на Турците, еден дел од земјиштето припаѓал на сопствениците на чифлиците: Руфат-ага, Адем-ага и Абдул Меџид-ага. Тие во Жилче имале три постојани чифчиски семејства, кои работеле како чувари на чифлиците. За останатите земјоделски работи, сопствениците кратко време носеле момци од македонското село Луковица на Сува Гора.[4] Воен конфликтЗа време на краткиот етнички конфликт во Република Македонија во 2001 година, Жилче, село со доминатно етничко македонско население, било вовлечено во вооружените дејствија. Во јули 2001 година, двајца жители на Жилче, во обид да спасат три деца кои се наоѓале во заложништво во џамијата во Непроштено, биле физички малтретирани од албанските терористи.[5] На 16 август 2001 година, албанските екстремисти од соседните села Шемшево, Палатица, Озормиште, Требош, Слатино, со минофрлачи и автоматско оружје го нападнале полицискиот пункт стациониран во Жилче и Ратае,[6] поради што веќе на 19 август 2001 во овие села се испратени сили на АРМ.[7] Со овие напади, селото било тотално отсечено од сообраќајната мрежа. По завршувањето на кризата, резервоарот за вода на ова село, кој се наоѓа во Слатино, неколкупати бил загадуван од албанските терористи. СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од само 4,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 460,4 хектари.[3] Во основа, селото има полјоделска функција. Во него има продавници и угостителски објекти.[3] Во јануари 2006 година Жилче е зафатено од поплавите кои ќе ја погодат целата Полошка Котлина — конкретната причина за поплавите во Жилче била излевање на подземни води заради неодржување на системите за наводнување, предизвикани од поројните дождови.Архивирано на 28 септември 2007 г. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жилче живееле 260 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жилче имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Жилче — село во Шемшевската општина и има 40 куќи со 672 жители, сите Македонци.[10] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.[11] Селото е средно по големина. Така, во 1961 година селото имало 740 жители, а во 1994 година 648 жители, од кои 642 биле Македонци и тројца жители Срби.[3] Според последниот попис од 2002 година, во селото Жилче живееле 650 жители, од кои 642 Македонци, 5 Срби и 3 останати.[12] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 543 жители, од кои 515 Македонци, 2 Албанци и 26 лица без податоци.[13] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЖилче е македонско православно село, во селото има еден староседелски род, а другите се доселени.[4] Според истражувањата од 1946 година, родови во Жилче се:
Во селото летно време живеело и едно ромско семејство Рафетови (1 к.) кои работеле како ковачи. Зимно време заминувале во Тетово. ИселеништвоПокрај споменатите иселувања од поединечните родови, според истото истражување во 1946 година се забележани и следниве иселувања: родот Цветкоски бил староседелски, но изумрел за време на Турците, бидејќи многу осиромашил и живееле како чифчии. Од нив е зачувано само едно семејство во Тетово (Јоанче), додека родот Тодороски (1 к.), живее во Брвеница, каде дошле од Жилче, а Сане (1 к.), живее во Беловиште, каде дошол како домазет од Жилче.[4] Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаВо XIX век, Жилче било село во Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото претставува дел од Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со додавање на поранешната Општина Вратница. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така дел од Општина Јегуновце. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шемшево, во која покрај селото Жилче, се наоѓале и селата Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Озормиште, Подбреѓе, Прељубиште, Раотинце, Сиричино, Туденце и Шемшево. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Жилче, во која влегувале селата Жилче, Ратае и Требош. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2115 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 524 гласачи.[19] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 531 гласач.[20] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
Култура и спортВо минатото во селото постоел ФК Борец. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia