АурихЗа други истоимени места, погледајте Аурих (појаснување).
Аурих (германски: Aurich; источнофризиски дијалект: Auerk; затерландски фризиски: Aurk) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во историската област Источна Фризија и претставува втор најголем град во областа, во население по Емден, а во површина по Витмунд. Аурих долго време бил резиденција на источнофризиските кнезови, седиште на пруската, хановерската и подоцна повторно на пруската администрација на Источна Фризија. Исто така, по Втората светска војна, градот бил седиште на истоимениот административен округ, кој во 1978 година бил споен со административните окрузи Олденбург и Оснабрик во административниот округ Везер-Емс со седиште во Олденбург. Округо исто така бил укинат во 2004 година. Поради сето ова, Аурих се смета за главен град на Источна Фризија. Аурих до денешен ден е седиште на бројни установи, сојузни и покраински. ГеографијаМестоположбаАурих се наоѓа во средишниот дел на Источнофризискиот Полуостров и има површина од 197,25 квадратни километри, при што во насока север-југ има растојание од 16 километри, а во насока исток-запад има растојание од 19 километри. Соседни општиниОколни општини (почнувајќи од запад, надесно) се Зидброкмерланд и Гросхајде (обете во округот Аурих), Еверсмер, Вестерхолт, Нојшо и Бломберг (сите во општинската заедница Холтрим во округот Витмунд), Дунум (општинска заедница Езенс во округот Витмунд), окружниот град Витмунд, како и Фридебург (округ Витмунд) и на крај со Висмор, Гросефен и Илов (повторно сите во округот Аурих). Градски единициСо административната реформа во 1972 година многу поранешни самостојни општини биле припоени кон градот Аурих. Густината на населеност во градот Аурих е нерамномерна. Во градското јадро живеат повеќе од 2.000 жители на квадратен километар, додека на другата крајност во градската единица Брокцетел има само околу 20 жители на квадратен километар.
КлимаКлимата во Аурих е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.
Историја![]() Историјата на Аурих потекнува од XIII век, кога населбата Аурехове (Aurechove) била спомената во фризиски документ наречен Брокмербриф во 1276 година. Постојат повеќе претпоставки за значењето на името на градот. Веројатно означува лично име (Афо, источнофризиско име) и неговиот посед (Reich) или пак се однесува на пловната низина на реката Аа (или Ее), на која градот бил подигнат. Средновековните именувања биле најразлични. Во 1517 година, грофот Едцард од династијата Сирксена започнале да го обновуваат градот по напад. Во 1539 година, градот станал седиште на грофовијата и подоцна на областа Источна Фризија, останувајќи седиште на областа додека Источна Фризија не била освоена од Кралството Прусија во 1744 година. Откако пруската војска била поразена во Битката кај Јена во 1807 година, Аурих станал дел од Кралството Холандија во 1808 година. Во 1810 година, Кралството Холандија било припоена од Франција и Аурих станал главен град на департманот Емс-Ориентал на Првото Француско Царство. Откако Наполеон бил поразен во 1814 година преминал градот во Кралството Хановер во 1815 година, а потоа бил анексиран од Прусија во 1866 година и станал дел од покраината Хановер. Од 21 октомври до 23 декември 1944 година во градот постоел нацистички концентрациски камп, кој бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[4] По Втората светска војна, Аурих станал дел од новата покраина Долна Саксонија. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 40 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 40.001 и 50.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[6]
ГрадоначалникГрадоначалник на градот АУрих е Хорст Федерман (независен). Збратимени градовиАурих е збратимен со следниве градови:[7] Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia