Бања (Пиринско)
![]() Бања — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија. Географија и местоположбаСелото е планинско на надморска височина од 801 метар и е наоѓа во центарот на Разлошката Котлина, помеѓу три планини - Пирин, Рила и Родопи. Оддалечено е на 5 километри од Банско и Разлог, на 25 километри од Јакоруда и на околу 150 километри од Софија и Пловдив. ИсторијаВо XVIII век Бања е село на Разлошката нахија. Во 1748 година селото е тимар на Јусуф.[2] За времен на Македонското востание во 1878 година, жителите од селото Бања земаат најактивно учество. XIX век Бања е мешано христијанско и муслиманско село во Неврокопската каза на Османлиското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бања е село со 362 домаќинства, 760 Македонци[3] христијани и 270 Помаци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.510 жители, сите Македонци[3] од кои 960 христијани и 550 муслимани[5]. СтопанствоДемографијаБања е голема населба со незначителни промени во бројот на население. Според пописот од 2011 година, во Бања живееле 2.857 жители.[6] На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]
На табелата е прикажан бројот на населението во Бања за периодот 1965-2011:[8]
Општествени установиСамоуправа и политикаКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниСекоја година во првата недела на месец јули се одржува традиционалниот настан „Празник на моето село“. На тој ден се собираат жителите на селото и сите коишто потекнуваат од Бања, но живеат и работат во различни градови во Бугарија и странство. На настанот земаат учество фолклорни состави од Бугарија и од други земји. Личности
Култура и спортИселеништвоНадворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia