ЕнтерококиЕнтерококи (Enterococcus) е голем род на млечно-киселински бактерии кој припаѓа на коленото Firmicutes. Тие се Грам-позитивни коки кои често се јавуваат во парови (диплококи) или во облик на кратки ланци, па затоа морфолошки многу наликуваат на стрептококите.[4] Два вида се чести коменсали во цревната микрофлора на луѓето: E. faecalis (90–95%) и E. faecium (5–10%). Физиологија и класификацијаЕнтерококите се факултативно анаеробни бактерии, односно, тие се способни за клеточна респирација во средина со или без кислород.[5] Иако не се способни за формирање ендоспори, тие се толерантни на разни екстремни услови: широк температурен опсег (10-45 °C), широк опсег на pH вредности (4.5–10.0), и високо ниво на салинитет.[6] Ентерококите обично покажуваат алфа-хемолиза на крвен агар.[7] ИсторијаЧленовите на родот Enterococcus (од грчки έντερο, éntero, "црево" и κοκκος, coccos, "зрнце") долго време беа класифицирани како група D стрептококи; сè до 1984 година, кога геномските ДНК анализи не укажаа на фактот дека станува збор за посебен род.[8] ЕволуцијаОвој бактериски род се претпоставува дека еволуирал пред околу 425-500 милиони години.[9] ПатологијаКлинички инфекции предизвикани од Enterococcus вклучуваат: инфекции на мочните патишта, бактериемија, бактериски ендокардит, дивертикулит, и менингит. Видовите кои се осетливи на антибиотици се третираат со: ампицилин, пеницилин и ванкомицин.[10] Мочните инфекции можат да бидат третирани со нитрофурантоин, дури и во случаи на ванкомицин-резистенција.[11] Од медицинска гледна точка, важна одлика на овој род е високото ниво на интринзична антибиотска резистенција. Некои видови ентерококи се отпорни на β-лактамски антибиотици (пеницилини, цефалоспорини, карбапенеми), како и многу аминогликозиди. Во последните две децении, се развиле особено вирулентни соеви на Enterococcus, отпорни на ванкомицин (ванкомицин-отпорни ентерококи или VRE) посебно при нозокомијални инфекции на хоспитализирани пациенти. VRE може да се третираат со quinupristin/dalfopristin (Synercid) со стапка на излекување околу 70%.[12] Ентерококниот менингит е ретка компликација при неврохируршки интервенции, при што третманот е со интравенозна или интратекална апликација на ванкомицин, со сè уште дискутабилен исход на овој тип на терапија.[13] Новите епидемиолошки докази покажаа дека ентерококите се главен инфективен агенс кај хроничниот бактериски простатит. Ентерококите во простатата формираат биофилмови, поради што нивното искоренување е тешко. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia