Ериберто Ерера
Ериберто Ерера Удризар (24 април 1926-26 јули 1996 година) бил поранешен парагвајски фудбалски тренер и играч. Тој бил наречен "Железниот наредник", поради неговото непопустливо однесување. По почетокот на својата кариера во Парагвај, тој се преселил во Шпанија каде играл за Атлетико Мадрид и таму останал да живее, а добил и шпански пасош дури и настапил за шпанската репрезентација на еден натпревар. Тој ја започнал својата кариера токму во Шпанија од каде подоцна заминува за Италија каде ги водел гигантите Јувентус и Интер. Со Јувентус успеал да освои едно скудето и еден Куп на Италија. Тој е треторангиран по бројот на натпревари на клупата на Јувентус со 162 (зад Џовани Трапатони кој има 402 и Масимилијано Алегри кој има 275 натпревари). Ерара починал во Асунсион во 1996 година, на 70-годишна возраст.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia