Еспирито Санто
Еспирито Санто (португалски: Espírito Santo (изговор [is.'pi.ɾi.tu 'sɐ̃.tu][1])) е држава во јужен Бразил. Престолнина е Виторија а најголем град е Вила Велја. Името не ЕС во превод е Свети Дух. ГеографијаДржавате е голема колку Естонија, односно половина од територијата на Португалија и на таа мала површина има брежни долини, езера, Шуми и др. Историја![]() ЕС првично била населена од домородни етникуми кои претено биле семи-номади. регионот е колонизиран од португалците, африкански робови и подоцна имигранти од европа. Колонијален периодОбласта е дадена под управа на Васко Коутињо, веднаш по самото откривање на Бразил во 1500-та. седиштето во почетокот било во Вила Велја, но поради зачестените напади од страна на домородците новото седиште Виторија било основано на 8 септември 1551, на остров близу Вила Велја. ![]() Дистриктот останал под управа на фамилијата Коутињо за 140 години, останал дистрикт за 287, сè до 1821 кога сталан провинција Со прогласувањето независност на Бразил 1822-ра, Управниците на дистрикти прераснале во Провинцијални претседатели,, За време на владеењто на Императорот, којшто бил близок со провинцискиот претседател, ја посетил ЕС и сѐ уште постојат записи од неговиот. Во 1889, со прогласувањето на Републиката, ЕС станала држава. По адоптацијата на републиканскиот систем, Алфонсо Клаудио де Фрејташ Роса станал прв гувернатор на ЕС. Демографија![]() ![]() ![]() Според БИГС 2008, населението брои 3,530.000, со густина 72,7 жит/ км2. Урбанизација: 82.2% (2006); Прираст: 2% (1991-2000); Домаќинства: 1.056.000 (2006).[2] Структура: 1.715.580 Пардо (48,6%), 1.489.660 Белци (42.,%), 300,050 Црнци (8,5%), 24.710 Азијати или Домородци (0,7%).[3] Белото население преовладува во државава, околу 70-80% биле во 1940-те, главно е населувана од Италијанци, Германци и Пољаци, но населението на државава не е големо, и така голем дел од соседната Баија, држава со најголем број Црнци во Бразил, имигрирале во ЕС, и денес белото население претставува околу 42.2%.[4] ДомородциПредколонијални групи во ЕС биле Тупиниквим, Теминињо, Ајморе, Пури (етникум) и Ботокудо. Поголемиот дел од нив се апсорбирани од колонизаторите и подоцнежните имигранти, мал број од нив и денес опстојува во резервати задржувајки ја нивната кршлива култура. ИталијанциЕспирито Санто има голем број население со италијанско потекло, тие основале многу градови и оствариле значајно влијание во локалната култура. Тие задржале доста од своите европски културни обележја, како кујната, празнувањата и др. ПортугалциПрвата група португалци се населиле во регионот на Вила Веља, 23 мај 1535 заедно со Васко Фернандес Коутињо, првиот португалски Капетаин (Глава на Капетанија) на ЕС. Подоцна португалци се населиле и на островот Виторија во заливот Виторија. ГерманциСилно локално влијание оствариле Германците. Првото германско населено место е основано 1844-та, Санта Исабел. Како и италијанците и тие и ден денес одржале белези од својата европска култура. ШпањолиОсобено од баскиските провинции, се населиле во ЕС за време на Пиринејската Унија (1580-1640). АфриканциПрвите африкански робови се доносени на пристаништето Виторија 1609. СтопанствоСервисот за услуги зема најголем дел од БДП со 50%, следен од индустрискиот сектор со 44%. Аграрот претставува 5% од БДП (2004). Еспирито санто извезува: производи од железо и челик 35.8%, хартија 17.6%, кафе 7.7%, гранит 6.5% (2002). Удел во бразилската економија: 2.2% (2005). Виторија е значајно пристаниште за извоз на чели и железо. Најголемиот производител на железо во светот. Во Сао Матеуш, резерви на нафта се пронајдени и денес се експлоатираат. Туризмот игра важна улога во државната економија. Сепак најбројните посетители се од околните сојузни држави. Популарни одредишта се плажите на Гуарапари, Жакараипе и Мунгињос. Интересни фактиВозила: 850,141 (март/2007); Мобилки: 1.8 million (април/2007); Телефони: 800 thousand (април/2007); Градови: 78 (2007).[5] Образование![]() Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем. Образовни институции
ИнфраструктураНационален аеродромАеродорм Еурико де Агујар уште од самото отворање 1946, достапати е модернизиран и прошируван, денес има капацитет од 560 000 патници на годишно ниво. АвтопатиBR-101, BR-259, BR-262, BR-482. ПристаништеВиторија има прстаниште кое е најтешко достапно со брод од било кое друго во Бразил. ЗнамеЗборовите на средина, Trabalha e Confia, на македонски "Работа и вера во Господ". Се избрани од Жеронимо де Суса Монтејро, којшто ја водел државава помеѓу 1908 и 1912. Знамето е дизајнирано во 1908-ма. Општини![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia