Рондонија
Рондонија (Rondônia (изговор [xõˈdõnia])[1]) е држава во Бразил, сместена во северозападниот дел. на запад се граничи со Акре, на север со Амазони, на исток со Мато Гросо и на југ со Боливија. Престолнина е Порто Вељо. Крстена е по Кандидо Рондон. Географија![]() Територијата на државата воглавно е покриена со Амазонска дождовна шума, но околу три петини од земјата е обесшумена и налесивање на територијава започнало дури после 1970-та. Повеќето од населението живее во урбани подрачја. Рондонија главно извезува дрвја, кафе, кокос и др. КлимаЕкваторска клима владее до државава, нема сува сезона – преку сите месеци има силна врнежливост, околу 60 милиметри. Тропска дождовна шума е основната вегетативност. ![]() ДемографијаСпоред БИГС во 2007, населението брои 1,597,000 . со густина 6.6 ж./км2. Урбанизација: 66.8% (2004); прираст: 2.2% (1991-2000); Домаќинства: 430,747 (2005).[2] Структура: 934,000 Пардо (53.8%), 590,000 Бели (37.0%), 114,000 Афро-Бразилси (7.2%), 35,000 Азијати или Домородци (2.2%).[3] ТривијаВозила: 337,089 (март/2007); Мобилни телефони: 730.000 (април/2007); Телефони: 247.000 (април/2007); градови: 52 (2007).[4] Стопанствосекторот за услуги зафаќа најголем дел од БДП со 54.1%, следен од индустрискиот сектор со 30.6%. Земјоделство 15.3% од БДП (2004). Државата извезува: дрво 83.6%, кафе 8.7%, гранит 3.2%, месо 3.1% (2002). Удел во Бразилската економија: 0.7% (2005). Образование![]() Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем. Образовни институции
ИнфраструктураМеѓународен аеродром![]() Аеродром Порто Вељо/Гувернатор Жорже Теиксеира де Оливеира е сместен седум километри од градот, на секој час има автобуси од градот до аеродромот. Аеродромот има 98 летови неделно, повеќето кон останатите бразилски држави. АвтопатиBR-174, BR-317, BR-319, BR-364, BR-421, BR-425, BR-429. ПристаништеCai n'Água пристаништето е сврзано со Порто Вељо до Хумаита, Маникоре и Манауш. Племиња![]() Племињата во Рондонија се едни од најизолираните. Првиот контакт со нив е остварен дури 1995, кога броеле само седум души. Во 2006-та се веќе шестмина.Сместени се во југозападниот регион на Рондонија. Друго изолирано племе познато како Каное од Омере живее покрај нивното село.[5] Малцински јазици![]() Џеоромиткси (Јабути), Макро-Ге јазик, Гивиао, Н‘енгату, Тењарим, Амундава, Суруи итн. Некои од изумрените доммородски јазици зборувани во рондонија се: Тукуманфед, Карипунаа, Вирафед, итн. После 1960-тите, се зборува Померански (Германски јазици). ЗнамеЗнамето е дизајнирано од страна на Карваљо Фејтоза и адоптирано со закон No. 41 на 22 декември 1981-ва. Знамето ги има истите бои како и националното Знаме на Бразил, со ѕвезда во средината која ја симболизира новата држава. Наводи
Рондонија е спомната во поемата "Плач за Рондонија" од Британскиот по потекло автор Ел Гогелехеад. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia