Италијанците (на италијански: italiani) се етничка група кој во глобала најмногу е населена во Италија (родната земја), но и во останатиот дел од Западна Европа како и Јужна и Северна Америка. Во Италија денеска не сметајќи ги останатите народи има повеќе од 22 милиони Италијанци. Според ОН во Италија живеат околу 65 нации, а Италијанците се присутни дури во 61 држава.
Име
Коренот на името потекнува од зборот Italus (од старогрчки: Italós). Во грчките митови Италос е син на Телегома и Пенелопе. По други митови тој бил водач на сицилијанските племиња Сикула или пак Лигура. Од Италус народот кој го населил Апенинскиот Полуостров денеска нарекуваат Италијанци (на англискиItalians).
Историја
Потекло
Татковината на старите италски племиња
Италијанците водат потелко од старите племиња кои во 1 век п.н.е. се населиле на врвовите на алпите како и низ целиот Апенински Полуостров и Сицилија. Овие народи имаа различно потекло. Најстари од сите се Лигурите и Илирите. Некаде во VIII век п.н.е. помеѓу реките Арно и Тибар настанале и Етрурците, кои до VII век се прошириле до реката По и островот Корзика. Освен овие племиња имало и други.
Италијанците како тема во уметноста и во популарната култура
Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ги опишува Италијанците како најсвирепите луѓе во љубовта,[21] а Италијанките ги опишува како „сопруги и мајки“,[22] но и дека „бараат сентименталност и пари“.[23] Според него, Италијанецот е несигурен и како пријател и како непријател,[24] а од сите народи, италијанскиот народ најлесно ја поднесува тиранијата.[25]
↑Santander Laya-Garrido, Alfonso. Los Italianos forjadores de la nacionalidad y del desarrollo economico en Venezuela. Editorial Vadell. Valencia, 1978