Етнојазична група
Етнојазична група (или народнојазична група или етнолингвистичка група) ― група која е обединета и со заедничка етничка (народносна) припадност и со јазик. Повеќето етнички групи имаат заеднички јазик.[1][2] Сепак, поимот често се користи за да се нагласи дека јазикот е главна основа за етничката група, особено во однос на нејзините соседи.[1] Средиштен концепт во јазичната студија за етнојазичните групи е етнојазичната виталност, способноста на јазикот и етничката припадност на групата да се одржат.[3] Етнојазичната група која нема таква виталност, најверојатно нема да преживее како посебен ентитет. Фактори кои влијаат на етнојазичната виталност се демографијата, институционалната контрола и статусот (вклучително и факторите за планирање јазик).[4] Поврзано
Наводи
Дополнителна книжевност
|
Portal di Ensiklopedia Dunia