Жорис Шотар
Жорис Жан-Клод Жак Шотар (роден на 24 септември 2001, во Оранж) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Монпелје. Клупска кариераРоден во Оранж во Франција, Шотар играл за екипата на Ле Понте, пред да се приклучи на академијата на Монпелје во 2016 година. Тој ги минал сите младински категории на Монпелје, вклучително и вториот тим, за кој играл во пониските лиги на Франција во сезоните 2018-2019 и 2019-2020. Своето деби за првиот тим, Шотар го направил на 17-годишна возраст, играјќи како стартер во поразот со 1-0 од Рен во Лига 1 на 10 август 2019.[3] Во едно интервју, подоцна самиот Шотар признал дека неочекувал толку рано да добие шанса во првиот тим, наведувајќи дека неочекуваниот сплет на околности во кој се нашол клубот со неколкуте повредени играчи од средниот ред придонел за тоа.[4] На 24 септември 2019 година, на неговиот 18-ти роденден, Шотар го потпишал својот прв професионален договор со Монпелје,[5] еден ден пред дербито против Ним Олимпик во кое младиот играч од средниот ред започнал од првата минута а неговиот тим победил со 1-0. На 30 октомври 2019, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, со удар со десната нога по додавањето од Гаетан Лабор, за време на победата со 3-2 на Стад де ла Мосон над Нанси во Лига купот.[6] Сметан за откритиe на сезоната 2019-2020, Шотар го продолжил договорот со Монпелје на 11 јуни 2020.[7] На 8 мај 2022 година, Шотар го постигнал својот прв гол во кариерата во Лига 1, со прекрасен удар од косо, во поразот на Монпелје со 2-1 на гостувањето кај Клермон. На 11 септември 2022, три години по неговото прво појавување со првот тим, Шотар го одиграл својот 100-ти натпревар во дресот на Монпелје,[8] во поразот со 2-1 од Анже. На 2 јануари 2023 година, за време на натпреварот против Олимпик Марсеј, тој станал најмладиот играч во историјата на Монпелје кој одиграл 100 натпревари за клубот во Лига 1, со само 21 година и 3 месеци.[9] Репрезентативна кариераШотар ја претставувал Франција во младинските селекции од 18 и под 19 години. На 8 октомври 2021 година, тој дебитирал за репрезентацијата под 21 година, заменувајќи го Кефрен Тирам во победата со 5-0 над Украина во квалификациите за Европското првенство 2023. Откако Франција успешно ги минала квалификациите, тој бил повикан и за завршниот турнир во Грузија и Романија, каде одиграл два натпревари во групната фаза пред елиминацијата во четвртфиналето. На 8 јули 2024 година, Шотар бил повикан од селекторот Тјери Анри во Олимписката репрезентација на Франција за Летните олимписките игри 2024 во Париз.[10] СтатистикаСтатистиката е ажурирана на 18 август 2019. Клупска статистика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia