Пјер Калулу
Пјер Казеје Ромел Калулу Кјатенгва (роден на 5 јуни 2000 година, во Лион) — француски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на француската репрезентација.[2] БиографијаРоден е во Франција, од родители со конгоанско потекло.[3] Тој има два постари браќа Алдо (р. 1996) и Жедеон (р. 1997), и еден помлад Жозеф (р. 2004), сите исто така фудбалери.[3] Технички карактеристикиЦентрален одбранбен играч, кој природно игра со десната нога. Може да игра како десен бек, но исто така и на било која позиција во одбрана од 3 играчи.[4] Располага со одлична брзина, солидна техника, и е добар во одземање на топката и правење навремени лизгачки стартови. Клупска кариераПочетоциКалулу се преселил од својот прв клуб, Сен Приест, во младинската академија на Олимпик Лион во летото 2010 година. Откако ги поминал сите младински категории во клубот од 2010 до 2018 година, тој бил приклучен во вториот тим на Лион за сезоната 2018-2019. На 5 март 2020 година, за време на домашниот натпревар против Амjен, Калулу бил повикан во првиот тим, но не настапил.[5] МиланОткако одбил да го обнови договорот со францускиот клуб, на 5 август 2020 година, на 20-годишна возраст, тој го напушил Лион без ниту еден настап за првиот тим и се приклучил на Милан.[6] Своето деби за „росонерите“ го имал на 10 декември 2020 година, во натпреварот од Лига Европа добиен со 0-1 во гости против Спарта Прага, што бил воедно и неговиот прв натпревар во професионалниот фудбал.[7] Три дена подоцна, тој го имаше своето деби во италијанското првенство во ремито 2-2 на домашен терен против Парма, заменувајќи го повредениот Матео Габија после само пет минути.[8] Во следниот натпревар, на гостувањето против Џенова на 16 декември, тој го направил своето деби како стартер и го постигнал голот со кој израмнил на 2-2, што бил и конечниот резултат.[9] Тој ја завршил својата прва сезона како професионалец со вкупно 18 настапи, од кои 13 (со еден постигнат гол) во Серија А. Во следната сезона, меѓудругото и поради повредите на неговите соиграчи, Калулу бил користен повеќе како стартер од тренерот Стефано Пјоли, искачувајќи се во одбранбената хиерархија на тимот и подобрувајќи ги своите перформанси, а бил претпочитан и од капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, да го замени повредениот Симон Кјер како негов партнер во центарот на одбраната. Во натпреварот против Емполи на 12 март 2022 година, тој го постигнал единствениот гол, негов прв гол на Сан Сиро, со што им овозможил на „росонерите“ да победат со 1-0.[10] На 22 мај 2022 година, тој ја освоил Серија А со Милан, придонесувајќи за успехот со 28 настапи и еден гол.[11] Во сезоната 2022–2023, Калулу играл на неколку различни позиции во текот на целата сезона, како стопер до Фикајо Томори, десно во одбранбена тројка со Малик Тао во средината и Томори лево, и како десен бек во одбрана со четири играчи. Сепак, кон крајот на сезоната, откако тренерот Пјоли се вратил на 4–2–3–1 формација, Калулу почнал да го губи своето место во почетната постава од Тао и Томори, додека капитенот на тимот Давиде Калабрија ја окупирла позицијата десен бек. Сезоната ја завршил со 46 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол, во ремито 2-2 во првенството против Рома на 8 јануари 2023.[12] Во четвртата сезона во Милан, тој играл многу малку поради проблеми со повеќекратни повреди,[13][14] вклучувајќи руптура на тетивата на левиот бутен мускул;[15] поради наведеното, настапил вкупно 11 пати во првенството и куповите.[13] ЈувентусНа 21 август 2024 година, Калулу се преселил во Јувентус.[16][17] на позајмица вредна 3,3 милиони евра, со право на откуп поставено на 14 милиони евра, плус 3 милиони евра бонуси.[18] Пет дена подоцна, тој го имал своето деби за „бјанконерите“ на гостувањето кај Верона, влегувајќи како замена за Николо Савона во 77-мата минута.[19] На 14 јануари 2025, тој го постигнал својот прв гол за Јувентус, носејќи водство во натпреварот на гости против Аталанта, што завршил нерешено 1-1.[20] На 10 мај 2025, во натпреварот од 36-тото коло на Серија А против Лацио (1-1), Калулу добил директен црвен картон за удирање по глава на противничкиот играч Валентин Кастељанос;[21] после натпреварот, тој се извинил за инцидентот, но добил суспензија од два натпревари, поради што го завршил првенството предвреме.[22] Репрезентативна кариераВо јуни 2018 година, тој бил повикан во француската репрезентација под 19 години, учествувајќи на Европското првенство 2019. Во март 2021 година, тој го доби својот прв повик во репрезентацијата под 21 година,[23] влегувајќи подоцна и во списокот од 23 повикани играчи за групната фаза и завршницата на Европското првенство во категоријата. Истата година, во јули бил вкчучен во француската олимписка репрезентација за Летните олимписки игри 2020 во Токио; тој ги одиграл сите три натпревари во групната фаза, после која „триколорите“ биле елиминирани. Во 2023 година, бил повикан да учествува на своето второ Европското првенство под 21 година: во Романија и Грузија, французите повторно стигнале до четвртфиналето, каде биле поразени со 1-3 од Украина. Во мај 2025, бил повикан за првпат во сениорската репрезентација од селекторот Дидје Дешан, за завршницата на УЕФА Лигата на нации 2024-2025. Своето деби го направил на 5 јуни 2025, започнувајќи како стартер на позицијата десен бек во полуфиналето во Штутгарт, загубено од Шпанија со 5-4; тој играл до 63-тата минута, кога бил заменет од Мало Густо. Хронологија на репрезентативните настапи
СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 10 мај 2025.
ТитулиКлупскиМилан
ОстанатоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia