Александар Лаказет
Александар Лаказет (француски изговор: [alɛksɑ̃dʁ lakazɛt]; роден на 28 мај 1991 година) — француски фудбалер, напаѓач на Олимпик Лион. Лаказет го привлекол вниманието како член на академијата на Лион, каде што тој го направил своето професионално деби на возраст од 19 години. Тој му помогнал на клубот да го освои Купот на Франција и Суперкупот на Франција во 2012 година, и исто така бил избран за Играч на годината во Лига 1 за сезоната 2014-2015.[3] Во текот на своето играње во Франција, Лаказет стекнал репутација на плоден голгетер, постигнувајќи повеќе од дваесет голови во сезона, со кој заработил трансфер во Арсенал за клупски-рекорд од £46,5 милиони фунти (€53 милиони евра) во 2017.[4] Лаказет ја претставувал Франција во сите младински нивоа. Тој бил клучен играч на Франција во освојувањето на Европското првенство за играчи под 19 години, каде што го постигнал победничкиот гол во финалето против Шпанија.[5] Потоа, тој го направил своето деби за сениорите во јуни 2013 година, забележувајќи вкупно 16 настапи и 3 гола за триколорите. Во јули 2024 година, тој бил повикан во олимписката репрезентација за Летните олимписки игри во Париз, на кој ја претставувал својата земја како капитен. Технички одликиЛаказет е играч со одличен дриблинг, темпо, и способност подееднакво добро да игра со двете нозе. Тој исто таке е познат по неговата упорност вршејќи константен притисок врз противничките дефанзивци. Од страна на Жерар Улие тој бил спореден со поранешниот напаѓач на Арсенал Ијан Рајт.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia