Заветрени Острови (Друштвени Острови)
Заветрените Острови (француски: Îles Sous-le-vent; тахитски: Fenua Raro Mata’i, буквално "Острови под ветрот") се наоѓаат во западниот дел на Друштвените Острови кои се дел од Француска Полинезија, воедно, прекуморски територии на Франција во Јужниот Тихи Океан. Тие се протегаат јужно од Линиските Острови (дел од Кирибати), источно од Куковите Острови и северно од Австралските Острови (исто така дел од Француска Полинезија). Нивната област е 395 км2 и население над 33,000 жители. Островите на запад се состојат од три атолски групи: Мануае (исто така познат како Атол Скили), атолот Моту Оне (познат и како Белингхаузен) кој лежи посеверно од Заветрените Острови и на југоисток атолот Маупиха (исто така познат како Мопелиа). Поисточно главно се протегаат високите острови од групата која се состои од Маупити (тахитско име: Мауруа), атолот Тупаи, Бора Бора (тахитско име: Вава), најпознатиот од групата Заветрени Острови поради неговата поморска база на САД за време на Втората светска војна и последователните туристичка индустрија, Тахаа (тахитско име: Упору), лежи северно од најголемиот остров на групата, Рајатеа (тахитски имиња: Хава, Јоретеа) каде се наоѓа и најголемиот град кој воедно е главен град на Заветрените Острови, Утуроа, како и највисоката кота, малку над 1.000 метри надморска височина на планината Тефатуа, и најпосле, најисточниот остров на групата, Хуахине (тахитско име: Матаиреа) кој за време на високата плима е поделен на два дела: Хуахине Нуи ("Голем Хуанине") на север и Хуахине Ити ("Мал Хуахине") на југ. АдминистрацијаАрхипелагот е административната субдивизија (француски: subdivision administrative) на Француска Полинезија. Главен град на административната област на Заветрените Острови е Утуроа. Заветрените Острови е дел од петте административни области на Француска Полинезија и една од 6 изборни области за Собранието на Француска Полинезија (Поврзано: Политиката на Француска Полинезија). ИсторијаПрвиот Европеец кој стигнал на архипелагот бил Џејмс Кук на 12 април 1769 во текот на Британската експедиција за да го набљудува преминот на Венера кој бил видлив од Тахити. Честа заблуда е дека на ова прво патување (тој ги посетил островите двапати), групата ја нарекол "Друштвена" во чест на Кралското друштво. Кук запишал во неговиот дневник дека островите ги нарекол Друштвени, бидејќи се во блиску едни до други.[2] Откако Франција прогласила протектор над Тахити во 1840, Британците и Французите потпишале Жарначка конвенција, во 1847, изјавувајќи дека кралствата Рајатеа, Хуахине и Бора Бора ќе останат независни од било која сила и дека на ниту еден поглавар нема да му биде дозволено да владее со целиот архипелаг. Франција на крајот го прекршила договорот, островите биле анексирани и станале колонија во 1888 година (осум години по Приветрените Острови). Конфликтите со домородното население, наречени Заветрена војна, траеле до 1897 година.[3][4] ГеографијаОстровите се планински, составени од вулкански карпи. Тие се формираат на трахит, долерит и базалт. Има подигнати корални лежишта високо на планините а лавата се јавува во различни форми, дури и во цврсти текови. Вулканската активност престанала толку одамна што кратерите се речиси целосно уништени од ерозија. Флора и фаунаФлората вклучува лебно дрво, пандан и кокосови палми. Ограничената копнена фауна вклучува диви свињи, стаорци, мали гуштери. Постојат неколку видови на слатководни риби кои живеат во малите струи на островите, но коралните гребени околу островите покажуваат широк спектар на риби и други видови кои живеат во солената вода. Острови![]()
ТуризамТуризмот е двигател на економијата. Во земјоделието, главните производи се копра, шеќер, рум, седеф и ванила. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia