Рајатеа
Традиционалното име на островот е Хаваии, татковина на Маорите.[3] Островот бил признат како независна држава во 1847 (Жарначка конвенција) но официјално бил припоен на Франција во 1888 година. ГеографијаОстровите Рајатеа и Тахаа се затворени со заеднички корален гребен и некогаш можеле да бидат единствен остров. Рајатеа е најголем и најгусто населен остров, во групата Заветрени Острови, со површина од 167,7 км и вкупно население од 12,024 жители на пописот август 2007. Густината на населеност е 72 жители/км2. Најголемата заедница на Рајатеа е населбата Утуроа која се наоѓа на северната страна и има население од речиси 10.000 жители.[4] Потекло на поимотИмето Рајатеа потекнува од тахитските зборови раи (односно, рај) со значење небо и атеа светлина и јасен. Точното наведување на името на тахитски е Ra'iātea, што значи светло небо. Улиета е застарена транскрипција која најчесто се користela во 19 век. Извонредната птица улиета потекнува од овој остров, заедно со други непознати видови и постои цртеж од неа кој е во Природонаучниот музеј во Лондон.[4] ИсторијаМитови и легендиСоздавањеПолинезиските митови раскажуваат дека островите на Тахаа и Рајтеа биле еден ист остров коишто некој џин ги разделил од гнев, удирајќи ги по несреќната љубовна врска. Всушност, двата острови биле една иста целина пред 2.4 милиони години[5] за што сведочи нивната заедничка лагуна. НаселувањеРајтеа е позната како светиот остров со привилегиран статус во локалната традиционална култура, која генерално му го дава името Хавајки Нуи (тахитски: Hawaiki Nui) или Хаваи Нуи (хаваи 'подземниот свет', 'полинезиската татковина'[6] и nui како 'голем'). Хаваи Нуи е митски остров, лулка на полинезискиот народ и култура, каде првите Маори допловиле, пред повеќе од илјада години на огромни кануа. Кралска династијаСпоред традициите, Рајатеа бил воедно и првиот од островите на Друштвениот архипелаг со кралска династија. Таа почнала со владеењето на полубогот Хиро, синот на Хаехи, внук на Уруматата, правнук на Ра, богот-сонце. Хиро бил првиот крал на островот и таму го основал познатото марае на Opoа кој го посветил на богот Хоро, или Оро, владетел на светот, чиј потомок бил. Хиро по неговата смрт бил воздигнат на ранг на боговите, го славеле како бог на крадците и наследниците и изградиле во негова чест мал камен храм веднаш до оној на богот Oro, неговиот предок. Новиот бог бил особено славен на островот Хуахине Ити[7]. Хиро имал два сина : Ханети и Охататама. Ханети го наследил својот татко како крал на Рајатеа, а тој му го оставил знакот на неговата моќ, кој се состоел од црвен појас (марура). Охататама не сакал да се потчинува на својот брат. Тој се повлекол на островот Фануи, се прогласил себеси за крал, а на половината врзал бел појас да покаже дека тој е независен крал[7]. Пристигнување на Европејците![]() Првиот Европеец кој го видел островот е заведен како Педро Фернандес де Кирос во 1606. на мапите бил заведен како La Fugitiva.[8] Полинезискиот морепловец Тупаја, кој пловел заедно со Џејмс Кук е роден на островот околу 1725. Кук пристигнал на островот во 1769 а потоа повторно во 1773-1774.[9]:214-218,284-291,315-318 Омаи (о.1751-1780), едно друго момче од Рајатеа, патувал со европските истражувачи во Лондон во 1774 и служел како преведувач на Капетанот Кук на неговото трето патување во Тихиот Океан. Кралот Таматоа VI бил последниот крал кој владеел од 1884-1888. Знаменитости![]() Многу марае, остатоци на стари и важни места за светите култови се присутни на островот, вклучувајќи го и кралскиот храм на Тапутапутеа, најголемиот и најпознат свет храм на Полинезија. Рајатеа се разликува и по цветот tiare apetahi, мала бела гарденија ендемска на Темехани Рахи, една од највисоките планини на Рајатеа. Особеноста и реткоста на овој цвет го направиле еден од симболите на островот. ОпштиниОстровот е поделен на три комуни :
Населението на островот изнесува околу 12.024 жители, главно концентрирани околу главниот град, Утуроа и во многу села како што се Авера, Опоа, Тевајатоа или Вајау. ![]() ЕкономијаЕкономијата на Рајатеа се одликува со силна земјоделска активност насочена на локалниот пазар, но некои производи и се извезуваат, како што се ванила, ананас, кокос, и нони. Сточарството е помала активност и главно се одгледуваат говеда, овци, живина и свињи. Перликултурата е важна активност, со значајно присуство на фарми за бисери. Главните земјоделски активност е одржана од страна на присуство на центарот на руралната економија и лабораторијата за истражување, првенствено фокусирана на одгледување ванила. Туристичката дејност е помала во однос на другите острови на архипелагот и главно се организира во неколку одморалишта и хотели. Инфраструктура![]() Островот е опкружен со голем пат од 98 км, додека друг поминува низ центарот. Многу инфраструктурни работи биле направени од 1980-тите за да се подобри патниот систем, отворање на јужниот дел од островот со развојот на мостови, инсталација на електрична енергетска мрежа, телефонија и дистрибуција на вода за пиење. Пристаништето на Утуроа било реновирано на почетокот на 2000-тите, овозможувајќи им приод на луксузните бродови за крстосување особено за време на туристичката сезона. Рајатеа е административната престолнина на Заветрените Острови, резиденција на шефот на државата. Постои болница, училиште за општо образование и стручно образование, средно училиште, три основни (вклучувајќи и едно приватно училиште) и неколку градинки. Рајатеа е единствениот остров во Полинезија (со исклучок на Тахити) со средни училишта. Поради тоа, повеќето од учениците од соседните острови како и Бора Бора, Тахаа, Маупити или Хуахине доаѓаат тука за да го продолжат своето средно образование. На островот има аеродром, трговско пристаниште, пазар и две марини. Споменици и места
Личности поврзани со островот
Наводи
ГалеријаПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia