Загоричански манастир
Загоричански манастир „Св. Петка“ (грчки: Μονή Αγίας Παρασκευής) — манастир кај селото Загоричани, Костурско, Егејска Македонија.[1][2] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Основан е во 1967 г. од архимандритот Севастијан Стефанопулос во месноста Котори, меѓу селата Загоричани и Куманичево. Овде порано имало мала црква посветена на Света Петка. Црквата е урната во 1969 г. и во 1970 г. се изградени нова трикорабна базилика и манастирски конаци.[2] Сè до 1991 г. манастирот бил метох на соседниот Олишки манастир.[3] Во 1991 г. е изградена нова трикорабна црква со куполи, која денес е главен храм на манастирот.[2] Во 2001 г. манастирот имал 34 жители. Крај манастирот во 1980-тите се појавило селото Света Петка наречено по него. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia