Олишки манастир
Олишки манастир „Св. Врач“ или „Св. Бессребреници Кузман и Дамјан“ (грчки: Μονή Αγίων Αναργύρων) — манастир кај селото Олишта во областа Пополе, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. ИсторијаВо синаксарот (зборник) на Свети Нектариј Битолски се вели дека манастирот е основан во 1457 г. Тој доживеал расцут во XVIII век. Во 1857 г. врз темелите на стариот храм е изградена новата црква „Свети Бессребреници“. Дел од иконите на старата црква се зачувани до денес. На пример, на иконата „Ангелски собор“ се чита годината 1764. Иконата на Исус Голем Архијереј има датум 1794, а онаа на Архангел Гаврил е од 10 септември 1875 г. На друга икона има натпис кој ја покажува годината 1880.[1]
На денес непостоечкиот параклис со лековита вода „Живоносен Извор“ имало натпис со годината 1880.[1] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за манастирот:
![]() Кон 1900 г. манастирот имал 10-12 монаси.[3] На почетокот на XX век манастирот го поседувал чифликот Рудник меѓу Куманичево и Загоричани, како и други имоти и многуброен крупен и ситен добиток. Подоцна, поголем дел од имотот е одземен од грчката држава.[4] По задушувањето на Илинденското востание во 1903 г. во манастирот се засолниле многу семејства од Загоричани и околните изгорени села.[5] Раскажување на дедо Нољо од Загоричани за засолнувањето на бегалците во манастирот во 1903 г.
Многу ни помогна игуменот на манастирот... Во првите денови по горењето на селата около 4 илјади души најдоа прибежиште во „Св. Врач“. Игуменот на манастирот, иако Грк, му го стави на располагање на населението целото манастирско жито и брашно. Пченкарните полиња од неколку десетини дољуми под манастирот исто така му беа оставени на населението. Се направи уште една фурна во манастирот. Постојано се месеше и печеше леб, но сепак населението не можеше да се нахрани. Некои жени со многу[5] деца земаа брашно, излегуваат од манастирот и го замесуваа врз некој камен. Потоа клаваа оган и го печеа замесеното. На таков начин испечените турти, која со сол, која без сол, им се раздаваа на гладните деца.[6] Во 1961 г. манастирот имал 9 жители[7], а истата состојба е забележана и во 2011 г. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia