Во почетокот на XX век според грчки податоци од 900 жители 110-120 семејства биле патријаршиски, додека 64 биле егзархиски семејства. За време на Илинденското востание селото било нападнато од турски сили и на 21 јули1903 бил убиен Пено Стреков. Од селото 62 лица учествувале во востанието, од нив загинале петмина - Коле Чолак, Гого п. Христов, Диме Т. п. Христов, Коле Д. п. Христов и Коле Петрушев[8].
Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 600 Грци и 300 Македонци[13]. Според Христо Силјанов, во 1906 година селото настрадало од грчки андартски напади[14]. Во 1909 година во Долно Куманичево имало 75 македонски егзархиски куќи и 5 гркомански. Црквите и училиштето биле под раководство на гркоманите. Според Георги Константинов Бистрицки Горно Куманичево пред Балканската војна имало 70 македонски семејства, додека Долно Куманичево имало 80 македонски и 40 турски семејства[15].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[16]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 661 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 755 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Така, во Куманичево биле населени 59 бегалци според едни податоци[13], или 21 семејство со 76 лица според други податоци[17]. Во 1926 година, селото било преименувано во Литија.[18] Во селото имало 5 политички убиства.[19].
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[20], по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 67 деца од селото биле протерани како деца бегалци[19]
Демографија
Во 1928 година селото броело 642 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 821 жител.
Селото во пописот од 1951 година броело 427 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 424 жители, во 1971 година имало 348 жители, во 1981 година имало 393 жители, додека во 1991 година имало 372 жители[21]. Денеска, населението на селото е 388 мжители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
821
427
424
348
393
372
388
—
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 34.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 174.