Згасната комета![]() Згасната комета — комета која го исфрлила поголемиот дел од својот испарлив мраз и има останато многу мал дел за да создаде опашка и кома. Заспана комета е комета на која волатилите и се запечатени под неактивниот површински слој, и не можат да бидат исфрлени. Поради недостатокот на опашка и кома, згаснатата или заспаната комета може да наликува на астероиди со тоа да се создаде забуна за разликата помеѓу овие две класи на мали тела во Сончевиот Систем. Кога волатилите како што се азотот, водата, јаглеродниот диоксид, амонијакот, водородот и метанот во кометното јадро испариле, сè што останува е неактивна карпа или пак карпест збир. Кометата може да мине низ премин кога ќе биде блиску до своето згаснување. Природата на згаснатите кометиЗгаснатите комети се комети кои го исфрлилр во целост поголемиот дел од нестабилниот мраз и имаат мали количини кои создаваат мала опашка или кома. Со текот на времето, поголемиот дел од испарливиот материјал кој се наоѓа во кометното јадро испарува, и кометата постанува мала, темна, неактивна грутка камен или збир од камења[1] и ќе наликува на астероид.[2] ![]() Другите слични видови на комети се преминливите комети, комети кои се близу да постанат згаснати, како што се оние од Хабловата потрага за преминливи комети.[4] Кометите како што е C/2001 OG108 можно е да е претставникј за комета која преминува од комета од типот на Халеевите во згасната комета (период 20–200години) или доилгопериодични комети (периоди подолги од 200 години).[5] Астероидите од групата на дамоклоиди се изучувани како можни кандидати за згаснати комети поради сличноостите на нивните орбити со орбитите на кометите од семејството на Халеевите комети.[5] Заспани кометиЗаспани комети се оние комети кај кпи испарливите материјали можно е да се под неиспарлив слој, однопсно имаат неактивна површина. На пример, 14827 Хипнос можно е да е јадрото на згасната комета која има неактивењн слој од неколку сантиметри и гом оневозможува понатамошното испарување во облик на гасови.[6] Поимот заспана комета се користи исто така за да се опишат комети кои може да станат активни но немаат активно испарување на гасовите. На пример, 60558 Ехеклеј има кома и сега ја има добиено кометарната ознака 174P/Ехеклеј. По минувањето низ перихелот на почетокот на 2008 година, кентаурот 52872 Окироја значително засјаел.[7] Разлики меѓу кометите и астероидитеКога биле откриени астероидите тие се сметале за тела различни од кометите сè додека, МАС во 2006 година не создаде обединувачки израз за двете тела „мало тело во Сончевиот Систем“. Главната разлика меѓу астероидот и кометата е поседувањето на кома поради сублимацијата на мразот од површината поради сончевото зрачење. Неколку тела имаат двоен статус бидејќи првично биле класифицирани како астероиди, за подоцна да покажат и кометарна активност. Обратно, некои (најверојатно сите) комети кога ќе ги исцрпат од својата површина испарливите гасови и ќе наликуваат на астероиди. Дополнителна разлика е то што кометите имаат позанесена орбита од астероидите, повеќето „астероиди“ со значително занесени орбити се најверојатно заспани или згаснати комети. Исто така, се теоретизира дека се чести тела меѓу телата кои орбитираат блиску до Сонцето.[8] Околу 6% од близуземните астероиди се смета дека се згаснатите јадра на комети кои повеќе немаат испарливи гасови.[6][9][10] Згаснати комети![]() ![]() Тела за кои се мисли или се смета дека се згаснати комети:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia