Зграда на Музејот на современата уметност (Скопје)
Зграда на Музејот на современата уметност — музејска градба во Скопје, прогласена за културно наследство на Македонија како исклучителен претставник на архитектонскиот модернизам.[1] ОписОбјектот е сместен во соседство на Скопското кале, на ул. „Самоилова“ б.б. Изградбата на новата зграда на Музеј на современата уметност започнала на 5 април 1969 година и траела сè до 13 ноември 1970 година, кога е свечено отворена.[2] Зданието се состои од три поврзани крила — две еднокатни и едно двокатно, со вкушна површина од околу 5.000 м2. Во нив се сместени салите за привремени изложби, постојаниот изложбен простор, салата за предавања, салата за филмови и видеопроекции, библиотеката и архивот, административните канцеларии и други простории. Околу музејот има голем парковски простор кој овозможува поставување на разни вајарски проекти, како и пространи паркинзи. Музејската зграда е подарок од Полска, според проект од национален конкурс. Нејзини архитекти се Јежи Мокшињски, Еугениуш Вјежбицки и Влацлав Клишевски.[3][4] Зградата на музејот била реновирана за првпат од нејзиното постоење и отворена за посетителите со изложбата „Солидарноста - недовршен проект“ на 22 февруари 2014 година. Галерија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia