Стара градска куќа (Скопје)
Стара градска куќа — стара куќа во Скопје, редок пример за скопската народна архитектура од XIX век. Претставува една од најстарите зачувани куќи во градот и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија. Во неа е сместен национален ресторан со истото име.[1] МестоположбаКуќата се наоѓа на улица „Пајко Маало“ бр. 14 во истоименото Пајко Маало во градскиот центар, спроти Македонската опера и балет.[2] ИсторијаГрадбата е подигната во 1836 година, а во 2000 г. е реновирана.[2] АрхитектураВо архитектонски поглед, ова е едносемејна традиционална куќа со двор. Градена е во лесна бондручна конструкција (дрвен скелет со полнетица од плитар), поставена врз масивни камени ѕидови. Станбените простории се на три нивоа. Двете главни нивоа имаат ист распоред на простории, а разлики има во просториите за поврзување — тремот на приземјето, застаклен чардак со платформа на катот и отворен чардак, исто така на катот.[2] Внатрешноста е впечатлива. Просториите се светли и пространи, опремени со долапи, миндери и дивани (вградена гарнитура), со малку подвижен мебел и богато украсени тавани и мноштво резбани детаљи.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia