Ристиќева палата![]() Ристиќевата палата е изградена во 1926 г. по проект на архитектот Драгутин Маслаќ.[1] Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија, во Скопје, Македонија. Една е од ретките згради што во земјотресот во 1963 година не била оштетена.[2] ИсторијаИзградена е во 1926 година од страна на фармацевтот Владислав Ристиќ, неговото семејство било по потекло од Тетово. Во приземјето биле сместени деловните простории, а семејството Ристиќ живееле на погорните спратови.[3][4] Архитектонскиот дизајн на зградата е на Драгутин Маслаќ, а Драгутин Станковиќ го изработил вајарскиот аспект на зградата.[4] Оваа палата е една од ретките повисоки згради кои го преживеале земјотресот во Скопје од 26 јули 1963, кога речиси 70% од зградите во градот се уништени. Кога е градена оваа зграда, дизајнерите и архитектот биле свесни за сеизмичките услови, така што презеле соодветни мерки при градењето.[3] Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia