Зграда на Музејот „Западна Македонија во НОБ“
Зграда на Музејот „Западна Македонија во НОБ“ — музејска зграда во градот Кичево, прогласена за културно наследство на Македонија.[1] Опис![]() Зградата на Музејот „Западна Македонија во НОБ“ всушност претставува комплекс од три меѓусебно поврзани згради сместени во Кичевската чаршија, во западното подножје на Китино кале. Најстариот и средиштен објект е изграден во 1892 г. Годината на изградба на втората зграда не е позната, но се одликува со истите стилски особености на фасадата. Третата зграда е целосно реконструирана во периодот од 1972 до 1978 г., и со тоа и таа ги добива истите стилски особености. Музејот има приземје и кат. Однадвор е профилиран во стилот на доцниот неокласицизам од крајот на XIX и почетокот на XX век. Главната (чаршиска) фасада на приземјето има големи прозорци со полукружни завршетоци. Катот има помали правоаголни прозорци украсени со богата штукатура која во горниот дел образува свод. Отворите се поделени со пиластри, а меѓу катовите и под покривот има хоризонтален венец. На фасадата на средниот објект има покривен тимпанон над катниот балкон, и на него е напишана годината „1892“.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia