Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Горното Маало на селото Вранештица.[3]
Местоположба
Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка.[2] Сместено е во Горно Маало на селото.[4]
Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.[2]
Историја
Била подигната во XVI-XVII век.[2] Според историчарите на уметноста црквата била изградена кон крајот на XVI век.[5]
Сепак, други извори наведуваат дека таа е подигната и живописана со помош на „мали и велики“ (жители) во времето на турскиот султан Бајазит и епископот кир Герасим, најверојатно во 1498/1499 година.[4]
Архитектура
Има правоаголна основа со мали димензии и покрив на две води од камени плочи, а на источната страна мала полукружна апсида.[2] Црквата е еднокорабна.[4]
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис.[2] Била живописана за само 20 дена од Димитар Зограф, кој се потпишал инверзно на крајот од ктиторскиот натпис.[4]
Во сликаната програма внимание привлекува царскиот Деисис, со Христос, Богородица и Јован Крстител, потоа претставата на патронот Св. Ѓорѓи во благородничка облека и Св. Никола со епитет Крмител.[4]
Црквата поседувала фасаден живопис, кој е делумно зачуван.[4]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.