Стара училишна зграда (Подвис)

Стара училишна зграда
Поглед кон урнатините од училиштето
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видучилиште
МестоПодвис
ЗемјаМакедонија

Стара училишна зграда — зграда на првото основно училиште во кое се изведувала настава на современ македонски јазик, во селото Подвис, Македонија. Зградата е прогласена за споменик на културата на Македонија.

Зградата е сместено во старото село Подвис, над последните зачувани куќи во селото и главната селска црква „Св. Атанасиј“.[1]

Местоположба

Старото училиште во селото Подвис, во кое во 1943 година започнала наставата на современ македонски јазик, се наоѓа над последните зачувани куќи во селото Подвис. До старото село води единствено земјен пат, а до самата зграда на училиштето постои само козја патека и никаде не јасно посочено каде се наоѓа училиштето.[1]

Историја

Училиштето започнало да работи на 23 септември 1943 година, само шест дена по ослободувањето на Кичево. Првиот час бил одржан од страна на учителот Василко Лазарески.[2]

Денешна состојба

Зградата на училиштето, каде првпат се одржала настава на современ македонски јазик на првата слободна територија во Македонија, денес е останата во трње и грмушки, а дотаму може да се стигне единствено со теренско возило.[1]

Спомен-плочата, која била поставена на зградата, мештаните ја извадиле истата и ја преместиле во новиот дел на селото Подвис, во неговиот низински дел.[1]

Иако имало најави за обнова на зградата од страна на Министерството за култура во текот на 2014 година,[2] тоа не се извршило.

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Првото училиште на македонски јазик заборавено од државата“. Кичево. 2013-04-22. Посетено на 2019-01-22.
  2. 2,0 2,1 „Реконструкција на првото училиште на македонски јазик“. NetPress. 2014-05-01. Посетено на 2019-01-22.

Надворешни врски

41°28′08.27″N 20°53′26.06″E / 41.4689639°N 20.8905722°E / 41.4689639; 20.8905722

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya