Спомен-костурница (Кичево)
Спомен-костурница — воен споменик и костурница на ридот Китино Кале во градот Кичево. Посветена е на паднатите борци ИсторијаСпоменикот е изграден во 1965 година[1]. Во костурницата има метална кутија во која се чуваат останките на 511 борци во Народнослободителната борба од Кичево и Кичевско,[2] од кои 196 не се од тој крај, но кои загинале таму. Меѓу најзначајните личности се Кочо Рацин, Мирко Милески и Ибе Паликуќа. Костурницата е изградена од мермер и има полукружен облик. На ѕидот е направен бронзен релјеф на кој се прикажани мотиви од партизанската борба како војување во битки, оплакување на загинатите и носење на ранените. Автор на релјефот е вајарот Јордан Грабулоски. Лево и десно од релјефот има девет мермерни плочи на кои се напишани имињата на борците чии останки се чуваат во споменикот. Пред релјефот има има надгробна полоча со натпис „1941 – 1945“[2] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia