Зеланд (остров)Оваа статија се однесува на остров на Данска. За други истоимени подрачја, погл. Зеланд (појаснување).
![]() Зеланд или Шеланд (дан. Sjælland) е најголемиот остров на Данска. Поврзан е со Фунен во Данска со Мостот преку Големиот Појас и со Шведска преку Амагер и со Ересундскиот мост. Главниот град на Данска, Копенхаген, е делумно расположен на источниот брег на Зеланд, а делумно на Амагер. Други градови на островот се Роскилде и Хелсингер. Митолошко потеклоСпоред нордиската митологија, островот го создала божицата Гефјон откако го измамила кралот на Шведска, Гилфи, согласно преданието „Измамата на Гилфи“ (Gylfaginning). Таа откорнала парче земја и го одвела во Данска, каде било наречено Зеланд. Дупката се наполнила со вода, и така настанало езерото Меларен.[1] На современите карти се забележува сличноста помеѓу островот и езерото Венерн, па затоа некои сметаат дека приказната се однесува на ова место. ГеографијаЗеланд е најнаселениот остров на Данска, со вкупно 2.491.090 жители[2] и, со површина од 7.031 км2, втор по големина во кралството, по Гренланд. Островот е поврзан со Фунен со мостот преку Големиот Појас и од покраината Сканија во Шведска со Ересундскиот мост. Има неправилен облик, и сместен е северно од островите Лоланд, Фалстер и Мен. Населени местаОва е список на населени места на островот, подредени по број на жители.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia