Сканија
Сканија (од лат. Scania) или Сконе (швед. ⓘ) — најјужната[2] покраина (landskap) во Шведска. Се состои од полуостров на јужниот крај на Скандинавскиот Полуостров и некои блиски острови. Современата административна единица е истоимениот округ (län) Сконе[3] кој ги опфаќа речиси истите граници како покраината. Најголем град е Малме, кој е административен центар на округот и трет град по големина во Шведска. На север Сканија се граничи со покраините Халанд и Смоланд, на североисток со покраината Блекинге, на исток и југ со Балтичкото Море, а на запад со теснецот Ересунд. Теснецот го пресекува автомобилско-железничкиот Ересундски мост[4] и ја поврзува покраината со данскиот остров Зеланд. Ова подрачје е дел од меѓународниот регион Ересунд.[5] Сканија се протега 130 км во должина (север-југ) и зазема помалку од 3% од површината на Шведска, но има 1.230.000 жители[1], што претставува 13% од населението во земјата. Околу 16% од жителите се родени во странство.[6] Со 111 жит/км2, Сканија е втора покраина во земјата по густина на населеност, веднаш по Седерманланд. УправаКако и останатите покраини во Шведска, Сканија нема административно-политичка улога како единица, туку претставува исклучиво културно-историска целина. Од 1719 до 1996 г. покраината била поделена на два округа (län): Кристијанстад и Малмехус. Окрузите имале свој управник и окружен совет и биле поделени на општини и месности. Во 1997 г. окрузите се споени и така е образуван округот Сконе, кој има речиси исти граници како покраината. По две години, окружните подрачја се споиле во еден регион (регион Сконе), кој е надлежен за здравството, јавниот превоз, планирањето и културата. ИсторијаСканија во пишаните извори се јавува за првпат во IX век. Во средината на X век потпаднала под власта на данскиот крал Харалд Синозабиот. Заедно со Блекинге и Халанд го сочинувала скандинавскиот дел на источна Данска. Поради ваквата местоположба, Сканија со векови претставувала повод за честите данско-шведски војни. Во 1658 г. е склучен Роскилдскиот мировен договор според кој сите дански поседи источно од Ересунд ѝ припаднале на шведската круна. Сканија најпрвин била шведска територија под власта на генерален управник, а потоа влегла во состав на самата Шведска. Последниот обид на Данска да ја поврати покраината е направен во Битката кај Хелсингборг (1710), која завршила со нејзин пораз. Во 1719 г. покраината е поделена на два округа, со тоа сообразувајќи се со административниот систем на останатите делови на земјата. Оттогаш до денес Сканија е наполно дел од Шведска. Национални парковиСканија има три национални парка ГрадовиПреку 90% од населението на Сканија живее во градови. Следниве населени места имаат над 10.000 жители:[7]
Култура![]() Долготрајните трговски врски на Сканија со други крајбрежни места во Европа оставиле значителен белег на локалната култура, која се смета за различна од другите краишта во Шведска. Широките предели и поблагата клима дава поинакво чувство, кое разни дејци го опишале како слично на Прованса во јужна Франција и Зеланд во Холандија.[8] Меѓу нив се вбројуваат Аугуст Стриндберг и Карл Лине. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia