Зелце
Зелце (германски: Seelze) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 10 километри западно од покраинскиот главен град Хановер. ГеографијаМестоположбаГрадот се наоѓа помеѓу реката Лајне, Средногерманскиот Канал и Страничниот Канал Хановер-Линден. Сместен е на железничките линии Бремен-Хановер и Хановер-Минден. Градски единициГрадот се состои од обата дела Зелце (градското јадро) и Летер (станбената област Летер-Зид), како и местата: Алмхорст, Дедензен, Детеберг, Гимер, Харенберг, Кирхверен, Латверен, Лонде и Фелбер. Јужно од градот се гради поголема област Зелце-Зид (1.207 жители, состојба 31.7.2020). Соседни општиниЗелце се граничи со Гарбзен, Хановер, Герден, Барзингхаузен и Вунсторф (почнувајќи од север, надесно). МузејЛокалниот музеј и музејот за локална историја (Heimatmuseum Seelze) се наоѓа во фахверк градба од 1856 година во градскиот дел Летер. Музејот ја прикажува историјата на Зелце и останатите негови делови, интеграцијата на повратниците од поранешните германски територии, кои сега припаѓаат на Полска и Русија, како и историјата на товарната станица Зелце. Околу трипати годишно се прикажуваат посебни изложби. Во постојаната поставка може да се види чевларска работилница од 1930 година, берберница од 1920 година, училиште од 1900 година и дневна соба од истата година.[2] СообраќајЖелезничкиЗелце и неговите делови имаат три станици на Хановерската С-Железница: Летер, Зелце и Дедензен/Гимер, сите на линиите С1 и С2. Товарната станица Зелце е важна станица во Германија. Поседува 51 колосек, 6 главни пруги и работилници за вагоните и електричните локомотиви, во должина од 6 километри. Со повеќе од 200 воза дневно, станицата е една од најголемите во Германија. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на Роненберг се состои од 39 членови. На изборите на 11 септември 2016 година бил избран следниов состав:
ГрадоначалникГрадоначалник на градот Зелце е Детлеф Шалхорн (независен). Збратимени градовиЗелце е збратимен со следниве градови: Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia