Нојштат на Рибенберге
Нојштат на Рибенберге (германски: Neustadt am Rübenberge, се употребува и кратенката Neustadt a. Rbge.) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа помеѓу покраинскиот главен град Хановер и градот-држава Бремен. ГеографијаМестоположбаГрадот се наоѓа на реката Лајне, североисточно од Штајнхудското Езеро. Нојштат со својата површина од 357 км² – што претставува илјадити дел од површината на Германија – припаѓа на 100. најголеми градови во Германија и е најголем град кој припаѓа на округ во „старите покраини“. Градски единициНојштат се состои од самиот град (поранешен окружен град) и 33 околни места (порано: општини):
Нојштат опфаќа и други помали населби, како што се Баумиле и Бруненборстел (припаѓаат на Ладерхолц), Динсторф (припаѓа на Бразе), Химелрајх (на Емпеде), Мекленхорст, Мордорф (на Погенхаген), Шарнхорст (на Басе) и Вармело (на Есперке). ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на Нојштат на Рибенберге се состои од 40 членови.[2] Ова е еднакво на предвидениот број за општина со број на жители од 40.001 и 50.000.[3] Советот е избиран на општи локални избори на секои пет години. Моменталниот состав е избран на изборите одржани на 1 ноември 2016 година. Покрај членови, право на глас има и градоначалникот
Претседавач со Советот е Вилхелм Веземан (CDU). ГрадоначалникОд 1 ноември 2019 година, градоначалник е Доминик Хербст (Зелени). Збратимени градовиНојштат е збратимен со следниве градови: Освен тоа член е на меѓународната заедница „Нојштат во Европа“ со 37 члена од седум држави. Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia