Златка ПоповскаЗлатка Поповска (Скопје, 1948) — македонски универзитетски професор. Извршувала бројни научни и општествени работи.[1] Во периодот 1997-1998 година била потпретседател на Владата на Македонија. ЖивотописПоповска е родена во Скопје во 1948 година. Се вработува на Економскиот факултет каде во 1979 магистрирала на последипломскиот студиум на тема Економски развој и методи на економска анализа. Во 1985, одбранува докторат од областа на технолошката стратегија на Економскиот факултет во Белград. Област на научен интерес: технолошки развој, технолошка и развојна стратегија, системско мислење, управување со системите, информациски системи. Била Претседател на Општествениот Совет за економски развој при републичкиот извршнен совет, Претседател на Советот за општествениот систем на информирање при републичкото собрание, потпретседател на Владата на Македонија (1997-98) и Национален координатор на странска помош. Била и Претседател на Сојузот на економисти на Македонија од 2000 до 2004 година. Добитник е на награда Гоце Делчев за највисок научен придонес во државата во 2002 година. Има висока позиција во Социјалистичката партија на Македонија, каде учествувала во трката за претседател на истата.[2] Сопруга е на починатиот македонски политичар и правник Киро Поповски. БиблиографијаАвтор е на повеќе од 130 статии, проекти, студии и книги.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia