Софија Тодорова
Софија Тодорова (родена на 11 декември 1947 година во Скопје) — македонска професорка и политичар. ЖивотописСофија Тодорова е родена на 11 декември 1947 година во Скопје. Во 1970 година дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а во 1977 година и на Економскиот факултет во Белград. Во периодот од 1976 до 2007 година била вработена на Павниот факултет во Скопје, како асистент, виш предавач, вонреден професор и редовен професор. Во периодот од 1989 до 1991 година била продекан на Правниот факултет во Скопје. Освен тоа, таа извршувала и други функции како:
Политичка кариераВо Владата на Македонија од 1992 година ја извршувала функцијата Министер за развој, и тоа во периодот од 5 септември 1992 до 20 декември 1994година. Во Владата на Македонија од 1994 година ја извршувала функцијата Министер за наука, и тоа во периодот од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996 година, а по реконатрукција на владата, во периодот од 23 февруари 1996 дп 30 ноември 1998 година ја извршувала функцијата Министер за образование. Во периодот од 1998 до 2000 година, Тодорова била Амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска[3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia