Златна бубамара на популарноста
Златна бубамара на популарност, исто така познато и само како Златна бубамара — македонско шоу за награди во областа на популарната култура во Македонија. Организирано е од страна на Радио Буба Мара и се одржува секоја година во Арена Борис Трајковски - Скопје. Од основањето на шоуто во 1997 година, Златна бубамара доделува признанија и награди за најголемите достигнувања на годината во областа на македонската култура и се одликува со награди за повеќе категории, вклучувајќи музика, филмови, спорт, театар и ТВ-емисии. Златна бубамара се емитува на Канал 5 Телевизија и Радио Буба Мара. 23-то издание на шоуто, одржано на стадионот „Борис Трајковски“ во февруари 2020 година, било проследено од 55% од македонското население со кое Златна бубамара претставува едно од најгледаните шоуа во земјата.[1] Историја и позадинаПрвата церемонија и инаугурација на шоуто се одржала во 1997 година од страна на организаторот Ранко Петровиќ.[2] Златна бубамара се одржува секоја година во Скопје. Презентерите на претставата обично користат сатира за да ја опишат социо-политичката состојба и другите секојдневни настани во земјата. Покрај тоа, настапи од музички уметници и танчери се исто така дел од програмата на шоуто.[3] Првиот водител на Златна бубамара бил познатиот глумец Тони Михајловски. Моментален водител на манифестацијата е Сашко Коцев, веќе долги години. На сцената на Златна бубамара секоја година настапуваат и: Игор Џамбазов, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски и Ирена Спировска. НаградиЗа време на претставата, се доделуваат награди за најпопуларните дела во повеќе категории поврзани со македонската популарна култура, вклучувајќи достигнувања во музика, филмови, спорт, ТВ-емисии и танц.[2] На последната церемонија, награди беа доделени во следниве категории:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia