Ирена Спировска
Ирена Спировска (р. 25 јуни 1974 во Скопје) — македонска телевизиска водителка и новинар, вработена во Телевизија Алфа. КариераИрена Спировска, својата кариера ја започнува во Македонската радио-телевизија, како водител и новинар на музичката емисија "Црно бело". Потоа била водител на "Фолклорна вечер" со Раде Рогожаров на МРТ 1. Долги години работи во Телевизија Алфа, каде била автор и водител на забавната емисија "Еден бакнеш" заедно со актерот Игор Ангелов во период од 2012 до 2014 година. Била дел и од Утринската емисија на Алфа ТВ. Била водителка и на емисиите Алфа скоп и Семеен магазин. Од 2019 до 2020 година, е уредник и водител на емисијата "Запеј ја онаа нашата" заедно со Зоран Џорлев, кој е музички уредник на истата. Од 2019 година, е дел од емисијата "Добро утро секое утро" на Телевизија Алфа. Во период од 2021 до 2024 е водителка на емисијата "Везилка" на Алфа ТВ, заедно со Благоја Грујовски и Андријана Алачки. Таа е водителка на неколку музички фестивали во Македонија. Долги години е водител на Фолк Фест Роса, Лешочки Фолк Фест, Фолк Фест Валандово, Прилеп фест и Охридски трубадури. Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia