Знаме на Мекленбург-Западна Померанија
Знаме на Мекленбург-Западна Померанија — знаме користено од германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Пет официјални предложени знамиња биле разгледувани во 1990, но сите биле одбиени. На крајот, дизајнот на Норберт Буске, тогаш член на парламентот на Мекленбург-Западна Померанија, бил прифатен. Не било претпочитано од страна на германските вексилолози.[1] За кратко време во 1990 било користено неофицијално знаме (трибојното знаме на Мекленбург, заедно со неговиот грб).[2] Граѓанско знамеГраѓанското знаме (Landesflagge) прикажува пет хоризонтални ленти, сина-бела-жолта-бела-црвена, прикажани во различен сооднос, обично 4:3:1:3:4. Сината лента, обележана како ултрамарин („ultramarinblau“), е најгоре. Средишната лента е жолта, најдолната е црвена („zinnoberrot“).[3] Ги прикажува боите на покраината Мекленбург-Западна Померанија (сина, бела, жолта и црвена), кои се одредени со првиот член од покраинскиот устав.[4] Обете знамиња се прикажани во сооднос 3:5. Била создадено преку спојување на знамињата на Мекленбург (хоризонтално трибојно знаме со сини, златни и црвени ленти) и пруската Покраина Померанија (двобојно знаме, сино-бело), во употреба од 1882.[3][5]
Државно знамеДржавното знаме (Dienstflagge) е граѓанското знаме, на кое се ставени глава на бик и грифин (двата симбола од грбот на Мекленбург-Западна Померанија). Средишната жолта лента а е прекината на местото на симболите. Го користат полициските бродови на покраината[3] и од официјалните тела на покраината. Исто така се прикажува на официјални настани.[3][5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia