Знаме на Шлезвиг-Холштајн
Знаме на Шлезвиг-Холштајн — хоризонтално трибојно знаме, составено од сина, бела и црвена боја. ПрегледЗнамето било воведено во 1843 година и забрането во 1845 година. Било повторно воведено во 1867 година по пруската анексија на Шлезвиг-Холштајн. Било повторно укинато во 1935 година.[1] Откако Британската воена влада донела одлука Шлезвиг-Холштајн да стане германска покраина во 1946 година, ова знаме било првпат спомнато на 29 август 1946 година. Било службено донесено како знаме на 18 јануари 1957 година.[1] Едноставното трибојно знаме е покраинското граѓанско знаме. Владините власти го користат државното знаме (Landesdienstflagge), каде на знамето е додаден грбот.[1] Трибојното знаме претходно било користено за пруската покраина Шлезвиг-Холштајн (1868-1946). Тоа е скоро идентично со знамињата на Кралството Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, како и знамето на Холандија свртено обратно. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia