Игра на тронови (ТВ-серија)
Игра на тронови (англиски: Game of Thrones) — американска фантастична телевизиска серија, создадена за HBO од Дејвид Бениоф и Д. Б. Веис. Оваа серија е адаптација на Песна за мраз и оган, серија на романи напишани од Џорџ Р. Р. Мартин, од кои првата е насловена како Игра на тронови. Снимањето се одвивало во студио во Белфаст, и на други места во Северна Ирска, Хрватска, Исланд, Мароко, Шпанија, Малта, Шкотска, како и во САД. Премиерата била на HBO, на 7 април 2011 во САД, a последната епизода од осмата сеозна била прикажана на 19 мај 2019 година, односно биле прикажани вкупно 73 епизоди. Дејството на серијата се одвива на измислените континенти Вестерос и Есос. Едната сижејна линија зборува за војната меѓу неколку благороднички семејства за Железниот престол на Седумте кралства; другата линија за воздигнувањето на протераниот потомок на претходно владејачката династија; третата сижејна линија — враќањето на древните, одамна изумрени суштества, Белите талкачи. Игра на тронови постигна рекорден број на гледачи, како и особено голем број ангажирани обожаватели. Серијата е критички признаена, иако честата појава на голотија, насилство и сексуални сцени носат негативни критики. Серијата добила повеќе награди и номинации, вклучувајќи ја наградата Еми за првите пет сезони, наградата Златен глобус, како и наградата Хуго и Пибоди. Питер Динклиџ освои Еми-награда за најдобар спореден глумец во драмска серија, и Златен глобус за најдобар спореден глумец во драмска серија, минисерија или ТВ-филм, за неговата улога како Тирион Ланистер. Содржина
Серијата Игра на тронови грубо ја следи приказната од Песна за мраз и оган.[5] Дејствието се одвива во измислените Седум кралства на Вестерос, а серијата ги прикажува борбите на водечките семејства за контрола на Железниот престол. Како што тече приказната, се појавува дополнителна закана од далечниот Север и од источниот континент Есос.[2] Првата сезона е верна адаптација на истоимениот роман. Понатамошните сезони се веќе се оддалечуваат од изворниот материјал. Според Дејвид Бениоф, серијата е „адаптација во целина, која ја следи мапата што Џорџ ја поставил, ги прикажува главните точки, но не и сите попатни станици“.[6] Дејствието на серијата и ликовите се поттикнати од историски настани во Европа.[7] Главната инспирација е англиската Војна на розите[8] (1455–85) која се одвивала меѓу династиите Ланкастер и Јорк, отсликани во судирите меѓу династиите Ланистер и Старк. Поголемиот дел од Вестерос со замоците и витешките турнири потсетуваат на средниот век од Западна Европа. Кралицата Серси Ланистер потсетува на Изабела, наречена „волчицата од Франција“ (1295–1358), жената на Едвард II.[7] Впрочем, таа и нејзиното семејство, онака како што се прикажани во серијата романи на Морис Друон, Проколнати кралеви, во голема мера го инспирирале Мартин.[9] Останатите историски инспирации за некои од елементите во серијата се: Ѕидот на Хадријан (големиот Ѕид), легендите за Атлантида (древната Валирија), византискиот „Грчки оган“ („дивиот оган“), исландската сага за Викинзите (семејството Грејџој) и монголските орди (племето Дотраки), како и елементи од Стогодишната војна (1337–1453) и италијанската ренесанса (околу 1400–1500).[7] Големата популарност на серијата во најголем дел се припишува на вештината на Мартин да ги вткае сите овие елементи во еднородна целина, која е веродостојна во рамките на една алтернативна историја.[7] Дејвид Бениоф предложил серијата да се рекламира како „Сопранови во Средната Земја“ укажувајќи на мрачните настани и фантастичниот свет во кој се случуваат тие.[10] Во 2012 година спроведена е студија според која серијата се наоѓа на второ место од 40 телевизиски американски драмски серии, според бројот на убиства, просечно 14 во една епизода.[11][12] Епизоди
Ликови![]() Серијата е карактеристична по посебно големиот број ликови. Во текот на снимањето на третата сезона, забележано е дека учествувале дури 257 глумци кои играат главни или споредни улоги.[13][14] Во 2014 година, неколку договори на глумците биле повторно напишани за да се вклучи и седмата сезона, како и зголемен хонорар, со што влегуваат меѓу најскапо платените телевизиски глумци.[15] Следуваат оние кои се сметаат за дел од главните ликови.[16] Лорд Едард „Нед“ Старк (Шон Бин) е глава на куќата Старк чии членови учествуваат во најголем број на настаните низ серијата. Со својата сопруга Кетлин (Мишел Ферли) имаат пет деца: најстариот син Роб (Ричард Маден), ќерките Санса (Софи Тарнер) и Арја (Мејси Вилијамс) и синовите Брен (Ајзак Хемстед-Рајт) и Рикон (Арт Паркинсон). Вонбрачниот син на Нед е Џон Сноу (Кит Харингтон), кој со својот пријател Семвел Тарли (Џон Бредли) е во служба во Ноќната стража, која е под команда на Џор Мормонт (Џејмс Козмо). Љубовта на Џон е црвенокосата Игрит (Роуз Лесли). Долгогодишниот пријател на Нед е кралот Роберт Баратеон (Марк Еди) кој е оженет со кралицата Серси од семејството Ланистер (Лина Хеди), а пак таа е во тајна врска со својот брат Џејми (Николај Костер-Валдау). Тие имаат три деца, од кои најстар е Џофри (Џек Глисон), наследникот на Железниот престол. Со нив живее и нивниот помлад брат, џуџето Тирион (Питер Динклиџ) со својата љубовница Шеј (Сибел Кекили) и телохранителот Брон (Џером Флин). На чело на семејството Ланистер се наоѓа лордот Тајвин (Чарлс Денс). Членови на кралскиот Мал совет го сочинуваат Питер „Малопрст“ Бејлиш (Ејдан Џилен) и Варис (Конлет Хил). Право на престолот има и братот на Роберт Станис (Стивен Дилејн), кого го советуваат свештеничката Мелисандра (Керис ван Хаутен) и бившиот шверцер сер Давос Сиворт (Лијам Канингхем). Богатото семејство Тирел го претставува амбициозната Мерџори Тирел (Натали Дормер). Од другата страна на морето, прогонети живеат братот и сестрата Визерис (Хери Лојд) и Денерис Таргариен (Емилија Кларк), деца на поранешниот владетел на Седумте Кралства. Денерис е мажена за Кал Дрого (Џејсон Момоа) кој го предводи номадскиот народ Дотраки. Во нејзината свита се наоѓа протераниот витез сер Џора Мормонт (Иен Глен).[17] Производство![]() Снимањето на серијата започнало во јануари 2007 година[18] кога се откупени правата. Буџетот на серијата изнесувал 50-60 милиони американски долари,[19][20] а за снимање на премиерната епизода, потрошени се од 5 до 10 милиони долари.[21] Првата сезона е снимана во Северна Ирска и Малта, додека понатамошните сезони се снимаат и во Дубровник. За снимање на втората сезона, буџетот е зголемен за 25%, а најголем дел од парите се потрошени за да се прикаже веродостојно граѓанската војна и борбата за престолот околу кој се одвиваат најголем дел од настаните.[22] Популарност![]() Серијата важи за една од најочекуваните телевизиски настани во 2011 година.[23][24] Серијата доби одлични критики како од критичарите, така и од обожавателите. Пофалбите одат за прекрасната режија, изборот на глумци, веродостојно создадениот свет, уверливите ликови, како и одличната глума на децата глумци.[24][25] Мрежната страница Метакритик на серијата ѝ дава оценка 79 од 100 можни, а корисниците ја оцениле со 8,9 од 10 можни.[26] Серијата се нашла на бројни листи како „најдобра за 2011 година“, вклучувајќи ги и листите на Вашингтон пост и Тајмс.[27][28] ГалеријаСлики на главните глумци
Наводи
Надворешни врски
![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia