Илјаз СалиевИлјаз Салиев ( 1925 во Зелениково, Скопско — 1944 во Матка, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПроизлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, во чиј состав учествувал во сите борби против балистите во близина на Скопје. Посебно се истакнал во борбите на Китка и Водно, против балистичките банди и во нападите на железничката линија Скопје - Велес, на германските транспортни возови, каде како познавач на теренот секогаш се наоѓал на чело на ударните групи. Во почетокот на ноември 1944 година, храбро загинал во борбата против балистите и Германците при заземањето на хидроцентралата Матка.[1] Во овие борби кај ХЕ „Матка“, покрај Илјаз загинале: Никола Георгиевски, Никола Јаневски, Драгољуб Анчевски, Драган Јакимовски, Николо Маладини, Иван Колосенко, Бранко Тодоровски, Александрар Спасовски, Александар Костадиновски и Васил Калановски. Во нивна чест е изграден споменик кој се посетува на 9 мај-денот на победата над фашизмот.[2][3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia