Обично Интернационалата се третира како комунистичка химна, иако таа не е химна само на комунистите. Ваквата поврзаност во голема мера се должи на фактот дека по доаѓањето на комунистите по Октомвриската револуција од 1917 година на власт во Русија, Интернационалата беше прогласена за државна химна на Советскиот Сојуз. Така беше до 1944 година, кога Интернационалата престана да биде државна химна на СССР и стана партиска химна на Комунистичката партија на СССР.
Интернационалата е препеана на многу светски јазици, при што на некои јазици постојат повеќе нејзини препеви. Помеѓу различните препеви на Интернационалата постојат значителни разлики во текстот.
Македонскиот препев на Интернационалата
Автор на македонскиот препев на Интернационалата е Славко Јаневски, кој препевот на македонски јазик го направи врз основа на препевот на српскохрватски јазик.
Текстот на македонскиот препев на Интернационалата е следниов:
На нозе презрени и гладни!
На нозе робје од цел свет!
Со сила урни сила долу,
В прав нека падне врагот клет.
Стројот стар се урнува, паѓа,
На нозе, робје, дигај се!
Се менува цел свет од темел,
Кој беше ништо тој ќе е сè!
Тоа ќе е последен
И одлучен, тежок бој,
Со Интернационала
Во нов и светол строј! X 2
Понов препев на Интернационалата на македонски јазик
Во борба, вие робје земни,
Еј робје гладни и без глас!
На сегде разум нека грми,
Бие денес заден час.
Сета гнилост в гробје нека падне
Нека стане секој роб
Нов Свет ќе никне од нас сами
Ти што си ништо, биди сè!
Бој се бие во светот
Смел и тежок заден бој,
Интернационала
Да биде сиот род! Х 2
Буквален превод на францускиот оригинал на Интернационалата