Историја на Словенија

Историјата на Словенија го прикажува периодот на словенечката територија од 5 век п.н.е. до денес. Во раното бронзено време, прото- илирските племиња се населиле на област која се протегала од денешна Албанија до градот Трст. Словенечката територија била дел од Римското Царство и била опустошена од упадите на миграцискиот период за време на доцната антика и раниот среден век. Главниот пат од Панонската Низина до Италија минувал низ денешна Словенија. Алпските Словени, предците на денешните Словенци, ја населиле областа кон крајот на 6 век од нашата ера. Светото Римско Царство ја контролирало земјата речиси 1.000 год. Помеѓу средината на 14 век до 1918 год, поголемиот дел од Словенија бил под Хабсбуршка власт. Во 1918 год поголемиот дел од словенечката територија станал дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а во 1929 год била создадена Дравска бановина во рамките на Кралството Југославија со главен град Љубљана, што одговара на териториите со мнозинско Словенија во рамките на државата. Социјалистичка Република Словенија била создадена во 1945 год како дел од федерална Југославија. Словенија ја стекнала својата независност од Југославија во јуни 1991 год, а денес е членка на Европската Унија и НАТО.

Праисторија до словенска населба

Праисторија

За време на последниот глацијален период, денешна Словенија била населена со неандерталци. Најпознатиот археолошки локалитет на неандерталците во Словенија е пештера во близина на селото Шебреље кај Церкно познато како Дивје Бабе. Овде во 1995 година била пронајдена флејтата „Дивје Бабе“, перфорирана коска за која контроверзно се верувало дека е флејта, што ќе го направи најстариот познат музички инструмент во светот.

Најстарите на светот, сигурно датирани, дрвено тркало и оска биле пронајдени во близина на Љубљанското мочуриште во 2002 год.[1]

Во преодниот период помеѓу бронзеното до железното време, културата на Урнфилд процветала. Во Словенија се пронајдени бројни археолошки остатоци кои датираат од периодот на Халштат, со важни населби во Мост на Соча, Ваче и Шентвид при Стични.

Ново Место во Долењска,едно од најважните археолошки локалитети на културата на Халштат, го добил прекарот „Град Ситулас“ по бројните ситули пронајдени во областа.

Антички Келти и Римјани

Карта на Словенија со антички римски провинции и градови (од 100 н.е.) во зелена боја и денешните граници во сива боја.

Во железното време, денешна Словенија била населена со илирски и келтски племиња до 1 век пред наша ера кога Римјаните го освоиле регионот и ги основале провинциите Панонија и Норикум. Денешната западна Словенија била вклучена директно под Римска Италија како дел од X-регионот Venetia et Histria. Важните римски градови лоцирани во денешна Словенија ги вклучувале Емона, Селеја и Поетовио. Други важни населби биле Наупортус, Невиодунум, Халијаетум, Атранс и Стридон.

За време на периодот на миграција, регионот претрпел инвазии на многу варварски војски, поради неговата стратешка позиција како главен премин од Панонската Низина до Италијанскиот Полуостров. Рим конечно го напуштил регионот на крајот на IV век. Повеќето градови биле уништени, додека преостанатото локално население се преселило во висорамнините, формирајќи утврдени градови. Во петти век, регионот бил дел од Остроготското Кралство, а подоцна бил оспорен меѓу Остроготите Византиската империја и Ломбардите.

Словенско доселување

Словенска населба во 631 година под словенскиот крал Само.

Словенските предци на денешните Словенци се населиле во источноалпската област кон крајот на 6 век. Дошле од два правци; од север (преку денешна Источна Австрија и Чешка), со населување во областа на денешна Корушка и западна Штаерска и од југ (преку денешна Славонија), со населување во областа на денешна централна Словенија.

Кралот Само

Ова словенско племе, познато и како Алпски Словени, било подложено на Аварската власт пред да се приклучи на племенскиот сојуз на словенкиот крал Само во 623 год. По смртта на Само, Словените од Крањска (во денешна Словенија) повторно паднале под власта на Аварите, додека Словените северно од масивот Караванке (во денешните австриски региони Корушка,Штаерска и Источен Тирол) го основале независното кнежевство Карантанија.

Среден век

Карантанија до Корушка

Поставувањето на војводите во Карантанија, извршено во антички ритуал на словенечки до 1414 година.

Во 745 год, Карантанија и останатите територии населени со Словени на денешна Словенија, под притисок од новоконсолидираната Аварска власт, подлегнале на баварското владеење и биле, заедно со Војводството Баварија, инкорпорирани во Каролиншкото Царство, додека Карантанците и другите Словените кои живееле во денешна Словенија го прифатиле христијанството.Со источниот дел на Карантанија повторно владееле Авари помеѓу 745 и 795 год.

Карантанија ја задржала својата внатрешна независност до 818 год кога локалните кнезови, по антифранкскиот бунт на Људевит Посавски, биле сменети и постепено заменети со германска (првенствено баварска) надмоќ. За време на императорот Арнулф Корушки, Карантанија, сега управувана од мешано баварско-словенско благородништво, накратко се појавила како регионална сила, но била уништена од унгарските инвазии кон крајот на 9 век.

Карантанија-Каринтија повторно била основана како автономна административна единица во 976 год, кога Отон I „Великиот“, откако го соборил војводата од Баварија, Хенри II, „Каравникот“, ги поделил земјите што ги држел и ја направил Корушка шесто Војводството на Светото Римско Царство, но старата Карантанија никогаш не се развила во обединето царство.

Кон крајот на 10 и почетокот на 11 век првенствено поради унгарската закана, југоисточниот пограничен регион на Германската империја бил организиран во таканаречени„марки“, кои станале срж на развојот на историските словенечки земји. Крањска, Штаерска и западна Горишка/Гориција. Консолидацијата и формирањето на историските словенечки земји се случила во долг период помеѓу 11 и 14 век предводени од голем број значајни феудални семејства како што се војводите од Спанхајм, грофовите од Горица, грофовите од Цеље и конечно Куќата на Хабсбург.[3]

Словенците како посебна етничка група

Брижински споменици, кои датираат од 10 век од нашата ера, најверојатно напишани во Горна Корушка, се најстарите сочувани документи на словенечки јазик.

Првите спомнувања на заедничкиот словенечки етнички идентитет, кој ги надминува регионалните граници, датираат од 16 век.

Во текот на 14 век, поголемиот дел од словенечките земји поминале под хабсбуршката власт. Во 15 век, хабсбуршката доминација била оспорена од грофовите од Цеље, но до крајот на векот големо мнозинство територии населени со Словенци биле инкорпорирани во Хабсбуршката монархија. Повеќето Словенци живееле во административниот регион познат како Внатрешна Австрија формирајќи го мнозинството од населението на Војводството Крањска и округот Горица и Градишка, како и на Долна Штаерска и јужна Корушка.[4][5][6]

Словенците, исто така, населувале поголем дел од територијата на Царскиот слободен град Трст, иако го претставувале малцинството од неговото население.

Ран модерен период

Отоманската војска се борела со Хабсбурговците во денешна Словенија за време на Големата турска војна.

Во 16 век, протестантската реформација се проширила низ словенечките земји. Во овој период, првите книги на словенечки се напишани од протестантскиот проповедник Примож Трубар и неговите следбеници, со што се воспоставува основата за развој на стандардниот словенечки јазик. Во втората половина на 16 век, биле отпечатени бројни книги на словенечки јазик, вклучувајќи го и интегралниот превод на Библијата од Јуриј Далматин. За време на Контрареформацијата во доцниот 6-ти и17-ти век, предводена од бискупот од Љубљана Томас Крон и Секау Мартин Бренер, речиси сите протестанти биле протерани од словенечките земји (со исклучок на Прекмурје). Сепак, тие оставиле силно наследство во традицијата на словенечката култура, која била делумно инкорпорирана во католичката контрареформација во 17 век. Стариот словенечки правопис, исто така познат како азбука на Бохорич, кој го развиле протестантите во 16 век и останал во употреба до средината на 19 век, сведочи за непрекинатата традиција на словенечката култура, воспоставена во годините на протестантската реформација.

Помеѓу 15 и 17 век, словенечките земји претрпеле многу несреќи. Многу области, особено во јужна Словенија, биле опустошени од отоманско-хабсбуршките војни. Многу градови, како Випевски Криж и Костањевица на Крка, биле целосно уништени од упадите на Отоманската армија и никогаш не се обновени. Благородништвото на провинциите населени со Словенци имало важна улога во борбата против Отоманската империја. Војската на крањските благородници на тој начин ги поразила Османлиите во битката кај Сисак во 1593 год, означувајќи го крајот на непосредната османлиска закана за словенечките земји, иако спорадичните отомански упади продолжиле и во 17век.

Егзекуцијата на Матија Губец, водач на Хрватско-словенечкото востание, во 1573 година.

Судири на национализми кон крајот на 19 век

Членови на католичкото здружение Орел во Долењска пред Првата светска војна
Дел од топ од крајот на 19 век

Граница со Италија

Во замена за приклучување кон сојузничките сили во Првата светска војна, Кралството Италија, според тајниот договор од Лондон (1915год), а подоцна и Договорот Рапало (1920), добило владеење над голем дел од словенечките територии. Тие опфаќале четвртина од словенечката етничка територија, вклучувајќи области кои биле исклучиво етнички Словенци. Населението на погодените области било приближно 327.000 [7] од вкупното население од 1,3 милиони Словенци.

Анектираниот западен кварт на словенечката етничка територија, и приближно 327.000 од вкупното население од 1,3 [7] биле подложени на присилна фашистичка италијанизација. На картата на денешна Словенија со нејзините традиционални граници на региони.

Словенија во титоистичка Југославија

Социјалистичка Република Словенија во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Грб на Социјалистичка Република Словенија

1950-ти: тешка индустријализација

Во доцните 1950-ти, Словенија била првата од југословенските републики што започнала процес на релативна плурализација. Една деценија индустријализација била придружена и со жестока културна и литературна продукција со многу тензии меѓу режимот и дисидентските интелектуалци. Од доцните 1950-ти па наваму, почнале да се формираат дисидентски кругови, главно околу краткотрајните независни списанија, како што е Ревија 57(1957–1958) кое било првото независно интелектуално списание во Југославија и едно од првите од ваков вид во Комунистички блок, и Перспектива. Меѓу најзначајните критички јавни интелектуалци во овој период се социологот Јоже Пучник, поетот Едвард Коцбек и литературниот историчар Душан Пирјевец.

1960-ти: „Самоуправување“

До крајот на 1960-тите, реформистичката фракција ја добила контролата врз Словенечката комунистичка партија, започнувајќи серија реформи, насочени кон модернизирање на словенечкото општество и економија. Новата економска политика, позната како работничко самоуправување, започнала да се спроведува под совет и надзор на главниот теоретичар на југословенската комунистичка партија, Словенецот Едвард Кардељ.

1970-1980-ти: „Години на олово“

Во 1973 год,овој тренд бил запрен од конзервативната фракција на Словенечката комунистичка партија, поддржана од југословенската федерална влада. Следувал период познат како „Години на олово“(словенечки: svinčena leta) Во овој период, цензурата и репресијата врз печатот и уметниците се зголемиле, додека слободата на говор опаднала. Многу луѓе биле затворени поради нивните политички убедувања.

Поврзано

Наводи

  1. „World's Oldest Wheel Found in Slovenia | Government Communication Office“. www.ukom.gov.si (англиски). Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на 2017-02-26.
  2. „Two appliqués“. National Museum of Slovenia. 2022. These extraordinary appliqués were part of treasures deposited in the Bronze Age as an offering to gods on the shore of Lake Bled. The prestigious gold appliqués also indicate that the lake was an important centre of a cult. ... Similar appliqués have been discovered in Switzerland, Bavaria and Hungary, mainly in Bronze Age fortified settlements and in the graves of wealthy women. ... The ornamentation bears markings of the solar and lunar year.
  3. Popovski, Ivan (2017). A Short History of South East Europe. Lulu Press, Inc. ISBN 9781365953941.
  4. . Ljubljana. Отсутно или празно |title= (help)
  5. Magocsi, Paul Robert (1993). Historical Atlas of East Central Europe. Seattle, WA: University of Washington. стр. 99.
  6. Šolski zgodovinski atlas (2. изд.). Ljubljana: DZS. 1996. стр. 16, 21.
  7. 7,0 7,1 Lipušček, U. (2012) Sacro egoismo: Slovenci v krempljih tajnega londonskega pakta 1915, Cankarjeva založba, Ljubljana. ISBN 978-961-231-871-0
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya