Источногермански јазици
Источногерманските јазици се група исчезнати индоевропски јазици од германското семејство. Единствениот познат пишан источногермански јазик е готскиот. Покрај овој, во источногерманските јазици спаѓаат вандалскиот, бургундскиот и кримскоготскиот. Се сметка дека кримскиот готски се одржал сè до XVIII век. Според Јордан, Прокопиј, Павле Ѓаконот и други летописци, но и според линвгистичките наоди (вид. Готски јазик), топонимите, и археолошките наоди, се смета дека источногерманските племиња кои ги говореле овие јазици дошле од Скандинавија и го населиле подрачјето помеѓу реките Одра и Висла во периодот околу 600 - 300 п.н.е. Впрочем, скандинавското влијание во Померанија и северна Полска од периодот III натаму било толку силно, што овој регион понекогаш се смета за дел од културата на нордиското бронзено време (Dabrowski 1989:73). ![]() Населувања пред 750 п.н.е. Нови населувања кон 500 п.н.е. Нови населувања кон 250 п.н.е. Нови населувања кон 1 г. н.е. Некои извори, исто така, го даваат датумот од 750 п.н.е. за најраното ширење надвор од јужна Скандинавија и северна Германија по должината на брегот на Северното Море кон устието на Рајна.[2]Постојат археолошки и топонимни докази дека Бургундите живееле на островот Борнхолм во Данска (нордиски: Borgundarholm). Источногерманските племиња биле во сродство со северногермански племиња, ја напуштиле Скандинавија и се населиле источно од Елба (Вандали, Бургунди, Готи, Руги и други).[3] ПоврзаноБелешки и наводи
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia