Во органската хемија, функционални групи се специфични групи на атоми во молекулите кои се одговорни за карактеристичните хемиски реакции на тие молекули. Една иста функционална група ќе подлежи на иста или слична реакција(и), без разлика на големината на молекулата од која е дел.
Подолу е претставена список на најпознатите функционални групи. Во формулите, симболите R и R' обично означуваат приврзан водород или странична низа на јаглеводород од било која должина, но понекогаш може да се однесуваат на било која група од атоми. Подолу има слики на повеќе функционални групи кои се пронајдени во органската хемија.
Јаглеводороди
Групи кои содржат халоген
Групи кои содржат кислород
Групи кои содржат азот
Групи кои содржат сулфур
Други групи
Со комбинирање на имињата на функционалните групи со имињата на родителските алкани се генерира моќна систематска номенклатура за именување на органските соединенија.
Неводородните атоми на функционалните групи се секогаш сврзани меѓусебе и со остатокот од молекулата по пат на ковалентна врска. Кога групата од атоми е сврзана со остатокот од молекулата првично со јонски сили, тогаш групата посоодветно се именува како повеќеатомски јон или комплексен јон. Сите овие атоми се нарекуваат радикали.
Првиот јаглерод после јаглеродот кој се сврзува за функционалната група се вика алфа јаглерод (или α C).
Надворешни врски