Келечки Округ
Келечки Округ (полски: powiat kielecki) — округ во Светокришкото Војводство, јужно-средна Полска. Создаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа усвоена претходната година. Седиште е градот Келце, иако не е дел од него. Опфаќа пет градови: Хенќини (14 км југозападно од Келце), Хмјелњик (32 км јужно од Келце), Далечице (17 км југоисточно од Келце), Боѕентин (25 км источно од Келце) и Моравица (13,7 км јужно од Келце). Зафаќа површина од 2.247 км2 и има вкупно население од 208.798 жители (2016), од кои 4.421 живеат во Хенќини, 3.834 во Хмјелњик, 2.913 во Далечице, 2.247 во Боѕентин и 195.383 жители по селата. Соседни окрузиОсвен со градот Келце, округот се граничи со Коњечкиот Округ на север, Скаржискиот на североисток, Стараховичкиот, Островјечкиот и Опатувскиот на исток, Сташувскиот на југоисток, Бускиот и Пињчувскиот на југ, Јенджејувскиот на југозапад и Влошчовскиот на запад. Управна поделбаОкругот е поделен на 19 општини, од кои 4 се градско-селски, а 15 се селски.
Наводи
Надворешни врски
50°53′N 20°37′E / 50.883°N 20.617°E{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница
|
Portal di Ensiklopedia Dunia