Светокришко Војводство
Светокришко Војводство (полски: województwo świętokrzyskie, Швјентокшиско Војводство) — војводство во југоисточна Полска, во рамките на историската област Малополска. Наречено е по Светокришките Планини. Главен и најголем град е Келце. Се граничи со шест други војводства: Мазовското на север, Лублинското на исток, Поткарпатското на југоисток, Малополското на југ, Шлеското на југозапад и Лоѓското на северозапад. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од Келечкото, источниот дел на Ченстоховското и западниот дел на Тарнобжешкото војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Зафаќа површина од 11.672 км2 и има 1.263.176 жители (2014). Градови и гратчиња![]() ![]() Војводството има 32 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]
Управна поделбаСветокришкото Војводство е поделено на 14 окрузи, од кои 1 е градски, а 13 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 102 општини.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
50°45′56″N 20°46′25″E / 50.76556°N 20.77361°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia