Кераца Висулчева
Кераца Висулчева (Нестрам, Костурско, 7 април 1910 - Скопје, 13 јануари 2004) — современа македонска[1] која творела во Македонија и Бугарија. ЖивотописНабргу по нејзиното раѓање, нејзиното семејство како егејски Македонци го напушта родниот Нестрам и се сели во Бугарија. Најголемиот дел од животот Кераца Висулчева го минала во Пловдив. Во 1930 година, Висулчева се запишува на Ликовната академија во Софија. Студиите ги завршила во 1935 година.[2] Поради јавното искажување дека е Македонка, Висулчева била исклучена од Сојузот на ликовните уметници на Бугарија. На нејзиното инсистирање, во 1941 година доаѓа во Македонија и се вработува во Женската гимназија во Скопје, а во меѓувреме учествува и на неколку групни изложби. Заради одредени семејни обврски се враќа во Бугарија 1944 година и предава цртање во неколку гимназии во Пловдив, каде останува да живее сè до своето преселување во Скопје. Неколку години пред својата смрт, во 1996, таа емигрира во Република Македонија,[1] каде Министерството за култура и се оддолжи водејќи грижа за нејзиниот престој во Македонија и обезбедувајќи заштита за делата кои ги остави за Македонците и на Македонија. ТворештвоЦелокупното творештво од над 500 дела (слики, пастели, акварели и скулптури) Висулчева го остави во трајна сопственост на македонската држава. Нејзината последна желба беше уметничките дела да не се продаваат, туку да останат како дел од националното богатство на Македонија. Денес тие се изложени во Ресен и Скопје. Стилското дефинирање на целокупниот опус на Кераца Висулчева се задржува на реализмот и постимпресионизмот, со мали отклонувања кон национал-романтизмот. Нејзиното сликарство накусо се означува како сликарство на импресијата, на чувствата и душата. Позначајно од стилската определба е бескомпромисната оддаденост на уметноста и нејзините феномени: бојата, формата, светлината, цртежот. Страста кон сликањето не и дозволила на оваа борбена сликарка да стане заложник на тематски, идеолошки или содржински диктати. Напротив, поетиката на пејзажите, спокојните визури на урбаните сцени од Париз, Антиб или Авињон, сензибилитетот на балерините, дамите и капачките, наспоредни на благородните физиономии на редица значајни личности од нејзиното опкружување, укажуваат на доследност кон естетскиот принцип. Во духот на сопствената кауза и интима се реализирани и нејзините автопортрети, мајката на Никола Вапцаров, училиштето во Пиринска Македонија. Психолошкиот третман на портретираните личности го имаат својот пандан во емотивниот пристап кон раскошната архитектура на Монмартр или Мулен Руж и кон, не помалку возбудливата ерупција на, морските бранови. Повеќето актови соопштуваат длабоко почувствувана сензуалност на женските тела. Во делата Несрам, моето родно село – 1980 и Мојот роден крај – 1980, работени на седумдесетгодишна возраст (кога за првпат по неколку децении го посетува родното место), очигледно е присуството на болката, носталгијата или меланхолијата згуснати во времето, собирани со децении во една емотивна жена.[3] Спомен музејска поставка и соба![]() Спомен музејската поставка е сместена во Ресенскиот сарај (Сарајот на Нијази бег), кој претставува импозантен архитектонски објект со евидентна раскошна естетска убавина, кој е изграден на самиот почеток на 20 век. Во денешниот Дом на културата „Драги Тозија“ се наоѓа спомен собата во која се изложени дел од цртежите и сликите од творештвото на Висулчева, како и фотографии, предмети, медали и одликувања и други признанија кои уметницата ги добила во разни европски држави. Тука е, секако, и последната нејзина слика, недовршениот портрет на Киро Глигоров, кој сесрдно ѝ помогна да се пресели во Скопје и последните години од својот живот да ги помине во Македонија. Висулчева, пред својата смрт, шетајќи низ Македонија, изразила желба нејзините слики како постојана поставка да бидат изложени токму во оваа зграда во Ресен, бидејќи зградата ја потсетувала на годините и спомените од нејзините долги престои во Франција.[4][5] АманетНејзината љубов кон Македонија, како и свесноста за нејзината национална припадност се негувани и пренесени од нејзиниот татко и тие ќе ја следат до крајот на нејзиниот живот. Кераца во многу ситуации, гордо знаела да изјави дека е Македонка и да ги брани македонските национални интереси.[6]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia