Керемидли
![]() Керемидли или Кереметли (грчки: Κεραμωτή, Керамоти) — гратче во Саришабанско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 1.438 жители (2011). ГеографијаГратчето е сместено брегот на Тракиското Море (северниот Егеј) во рамничарски предел, јужно од градот Саришабан.[2] Целото подрачје е полуостров настанат од наносите на реката Места која се влева во морето недалеку од гратчето. Керемидли е најблиското населено место на копното до островот Тасос и располага со пристаниште од кое редовно сообраќа траект до островот. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоКеремидли во минатото не било ненаселено, туку имало складови за стоки кои се превезувале на Тасос и други острови. Подоцна станало чифлигарска населба и рибарско селце. Во ГрцијаПри припојувањето кон Грција согласно Букурешкиот договор во 1913 г. селото е заведено како напуштено, а во 1920 г. имало само 10 жители.[2] По сила на Лозанскиот договор во 1923 г. овде се доселени грчки колонисти од Ексастеро кај Лулебургаз, Источна Тракија. Во 1928 г. селото било наполно дојденско, со 207 жители од 29 семејства.[3] Во прво време селото било доста неразвиено, бидејќи во него владеела маларијата. Состојбата се сменила, кога Каремидли почнало да се развива во 1970-тите благодарение на плажите и пристаништето, па со време станало гратче.[4] Во 1940 г. селото имало 586 жители. За време на Втората светска војна местото е окупирано од Бугарија, чија управа се повлекла по војната. Во 2009 г. пристаништето на Керемидли опслужило вкупно 1,4 милиони патници.[5] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението традиционално се занимавало со земјоделство, риболов, занаетчиство и ситна трговија. Денес најголема улога игра туризмот.[2] Има неколку хотелчиња и мноштво приватни сместувалишта. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia