Кејлеб Кејси Мегвајер Афлек (роден на 12 август 1975 г.) — американски глумец и режисер.
Тој ја започнал својата филмска кариера уште како дете, појавувајќи се во телевизискиот филм Небо од лимон (1988) и во минисеријата на ABC, Кенедиеви од Масачусетс (1990). Тој подоцна играл улоги во три филмови режирани од Гас Ван Сан - Да се умре за (1995), Добриот Вил Хантинг (1997) и Гери (2002), и во филмската трилогија режирана од Стивен Содерберг - Единаесетмината на Оушн (2001), Дванаесетмината на Оушн (2004) и Тринаесетмината на Оушн (2007). Негова прва главна улога била улогата на депресивен писател во независната комична драма Осамениот Џим (2006).
Афлек направил исчекор во својата кариера во 2007 година. Тој бил номиниран за Оскар за најдобар глумец во споредна улога за вестерн драмата Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт Форд и добил дополнителни пофалби за улогата на приватен детектив во мистериозната драма Исчезната без трага, режирана од неговиот брат Бен Афлек. Во 2010 година, тој го режирал мокументарецот Сѐ уште сум тука, во кој играл неговиот зет Жоакин Феникс, и играл улога на сериски убиец во Убиецот во мене. Во 2016 година, Афлек играл неподмитлив детектив во криминалниот трилер Код 999, тивок инженер во Најдобрите часови, и ожалостен маж во драмата Манчестер покрај море. За улогата во Манчестер покрај море, тој ги добил наградите Златен глобус, БАФТА и Оскар за најдобар глумец.
Филмографија
Филм
Телевизија
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| 1928—1950. | |
---|
| 1951—1975. | |
---|
| 1976—2000. | |
---|
| 2001—денес | |
---|
| 1 ја поделил наградата таа година; 2 ја одбил наградата таа година |
|