Киро Настески

Киро Настески
Роден 1915 година
Србјани
Починал 12 февруари 1944 година
Барбарос, Царство Бугарија
Народност Македонец

Киро Љубев Настески ( 1915 во Србјани12 февруари 1944 во Барбарос) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

По занимање бил земјоделец. Како симпатизер на народно ослободителното движење и определен за борба против окупаторот, во есента 1943 година, тој станал борец во Првата македонско-косовска бригада, заедно со својата сестра Мирка. Со Бригадата заминал во егејскиот дел на Македонија, и учествувал во Февруарскиот поход. По тешките борби кај Богомила, се одвоиле со дел од четата на Август и на враќање, биле фатени во селото Крапа и стрелани заедно со сестра му Мирка и други пет борци на 12 февруари 1944 година кај селото Барбарос.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 91.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya