Клајнмахнов
Клајнмахнов (германски: Kleinmachnow) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија. ГеографијаСе наоѓа 19 километри југозападно од Берлин, веднаш до берлинскиот округ Штеглиц-Целендорф и 12 километри источно од Потсдам. Општината ја сочинува населбата Драјлинден. Историја![]() Клајнмахнов е изграден долж поранешниот поток Беке (Bäke), денес заменет од Каналот Телтов изграден во 1906. Парво Махенов (Parvo Machenow) бил првпат споменат во земјишната книга во 1375 на царот Карло IV, потоа изборен кнез на Бранденбург. Во средновековни времиња речниот премин бил контролиран од замок, владеен од благородничкото семејство Хаке. Заедно со каналот била изградена брана кај Клајнмахнов, наскоро станувајќи негова знаменитост. Од почетокот на 20 век, поранешното село се развило во влијателно предградие на Берлин. Во 1937 Вилхелм Онезорге, министер на Кралската пошта, го добил дворецот Хакебург (Hakeburg) како негова резиденција и воспоставил голем истражувачки објект за комуникации и електроника. Во Втората светска војна, Клајнмахнов бил место на принуден камп со околу 5.000 затвореници, вклучувајќи подкамп на Заксенхаузен. Ноќта на 2-3 декември 1943, авионот Ланкастер на Кралскиот воздухопловни сили бил срушен над Клајнмахнов, а меѓу загинатите бил добро познатиот норвешки писател и поет Нордал Григ, во тоа време како воен кореспондент. Во 1946, Партијата за социјалистичко единство на Германија (СЕД) го зазела Хакебург, кој бил седиште на партиската академија во следните години. Од 1961 до 1989 општината била опградена со Берлинскиот ѕид на три страни и автопатот близу Драјлинден (денес А115) бил место на главниот граничен премин. Од повторното обединување на Германија, Клајнмахнов имал голем пораст на населението, додека враќањето на бројни запленети имоти на оние сопственици кои побегнале од Источна Германија довеле до многу конфликти. Збратимен градПознати луѓе
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia