Швиловзе
Швиловзе (германски: Schwielowsee) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа на бреговите на Швиловското Езеро, низ кое тече реката Хафел. Општината била основана на 31 декември 2002 со спојување на три претходни општини Капут, Гелтов и Ферх. Фериботот Капут, кој поминува низ Хафел, ги поврзува Капут и Гелтов. На источните брегови на езерото се наоѓа градот Потсдам, додека на неговите западни брегови е градот Вердер (Хафел). ![]() ИсторијаГелтов (заедно со Потсдам) бил првпат споменат како словенска населба Гелити во декрет од 993 на царот Отон Трети, кој го поклонил на неговата тетка, опатињата Матилда од Кведлинбург. Речниот премин во Хафел имал големо значење уште од древни времиња. Денес тука поминува сојузниот автопат Б1 преку мостот Baumgartenbrücke.
ЗнаменитостиКапут![]() Капут добил железничка станица во 1904. Од почетокот на 20 век служел како подалечна станбена област за богатите урбани луѓе.
ГелтовНиз Гелтов отсекогаш поминувале многубројни странци. Како и Капут, и тој добил железничка станица во 1904. Селската црква била изградена според плановите на несреќниот цар Фридрих III по шаблон на црквата во Терлан во Тирол, со керамички покрив и кула надвор од наосот на црквата. Била осветена во 1887. Последната посета на Фридрих била на 6 јуни 1888 и била опишана од Теодор Фонтане во неговата поема Kaiser Friedrich III. Letzte Fahrt. Капут и Гелтов се поврзани со еден од најпрометните фериботи на реката Хафел и со железничка линија преку посебен мост. ![]() ФерхРибарското село Ферх на југозападната страна на Швиловското Езеро го негува својот рурален карактер од крајот на 20 век. Исто така, во селото се има доселено колонија на сликари.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia